Реклама
Наши ѕвезди

4 месеци по породувањето снаата на Дац во топ форма: Семејството замина на прв заеднички одмор

Снаата на популарниот македонски актер е во топ форма само 4 месеци по породувањето.

Реклама

Убавата Софија сподели фотографии направени на првиот семеен одмор заедно со малата Гаиа.

Во мај минатата година, синот на актерот Драган Спасов-Дац, Јаков Спасов стапи во брак со неговата избраничка Софија Христова.

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

Јаков, реши да тргне по стапките на тато и работи како актер во Театар Комедија, а неговата сопруга Софија е графички дизајнер и маркетинг менаџер.

За нивната свадба се зборуваше долго после, а фотографии од целата церемонија беа споделениа на социјалните мрежи.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

Младенците за овој настан се одлучија за лесна-летна облека, а посебен детаљ во кој сите присутни гледаа беше венчаницата на Софија која беше составена од кратки црни панталони, црно-бел горен дел на тенки прерамки и бела долга наметка од тул од едната страна.

Во март оваа година Софија на свет ја донесе нивната прва ќерка, мала Гаиа која е центар на внимание во целото семејство и сите ја обожаваат.

Маркетинг
ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

Нејзиниот дедо гордо споделува нејзини фотографии и ѝ посветува емотивни пораки.

Гаиа името го добила од името на божицата на Земјата. Сметана за мајка божица, таа била персонификација на духот на Земјата. Од неа се родил светот, а нејзиното создавање донело смиреност во инаку хаотичниот универзум. Сама, Гаиа ги создала планините и океаните.

Годинава, Гаиа, Софија и Јаков заминаа на прв заенички одмор на првиот крак на Халкидики во Гриција.

Оттаму Софија сподели и нивни заеднички фотографии од кои се гледа дека својата линија ја довела до совршенство, односно исто како што изгледаше пред породувањето.

Од фотографиите може да се забележи и дека малата Гаиа навистина ужива заедно со мама и тато. Погледнете:

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Инстаграм / Софија Спасова

ФОТО: Фесјбук / Драган Спасов-Дац

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button