Реклама
Новости

23-годишна девојка има тело како 8-годишно дете и бара сродна душа: Погледнете како изгледа

Реклама

23-годишна девојка е во потрага по својата сродна душа додека е заглавена во телото на осумгодишно девојче.

ФОТО: Принтскрин

Шауна Рае Лесик е висока колку дете во трето одделение и тешка само 50 килограми.

Застојот во нејзиниот развој е резултат од лекуваето на рак на мозокот додека била доенче, па луѓето често ја мешаат со дете.

Таа отворено зборува и за нејзината битка да најде партнер, како и за стравовите на нејзините родители дека поради нејзиниот детски изглед ќе привлече педофили.

Но, во неодамнешната епизода од нејзината TLC реалити серија „I Am Shauna Rae“, ријалити ѕвездата направи голем скок напред во љубовта, и зборуваше за тоа како се поврзала со 26-годишниот Ден Свигарт, патник од Велс кој ѝ испратил цвеќе откако ја одгледал првата сезона од нејзиното шоу.

Маркетинг
ФОТО: Принтскрин

„Јас и Ден се запознавме преку социјалните мрежи и разговаравме неколку месеци. Има многу сличности во нашите животи“, рече таа.

Шауна истакна дека „отсекогаш сакала да патува“, и окму авантурите на Ден се она што најмногу ја привлекува.

Маркетинг

„Тој е само убаво момче“, додаде таа.

ФОТО: Принтскрин

Откако ја запознал, Ден дошол во нејзиниот роден град во Лонг Ајленд, Њујорк, за да ја запознае лично. Денот го поминале во аквариум и соба за бегство со нејзината 18-годишна полусестра Рајли.

„Рајли и јас бевме многу вознемирени бидејќи не знаевме што сака“, призна Шауна.

ФОТО: Принтскрин

Следниот пат кога Ден дошол да ја посети Шауна, отишол во нејзината куќа за да прават суши. Таа го запознала со нејзината мајка и очув, Пети и Марк Шранкел.

Шауна беше искрена за тоа како нејзините родители биле загрижени дека таа ќе привлече педофили поради нејзиниот детски изглед.

ФОТО: Принтскрин

Таа имала шест месеци кога и бил дијагностициран агресивен тумор на мозокот.

Направила операција и била подложена на тригодишна хемотерапија. Иако третманот бил успешен, ја направил нејзината хипофиза речиси заспана, запирајќи го нејзиниот раст.

ФОТО: Принтскрин

Таа пораснала уште осум инчи со помош на инјекции со синтетички хормони, но кога имала 16 години, нејзиниот лекар и рекол дека коските и се споиле и дека повеќе нема да расте.

За да успее нивната врска или тој ќе мора да престане со патувањата или таа ќе мора да почне да патува со него. Веќе побарал од неа да оди со него во Малезија за да му биде партнерка на една свадба.

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

ФОТО: Принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button