Реклама
CelebrityНовости

Боли секој 16-ти октомври, боли секој ден без тебе: 11 години без незаборавната и непрежалена легенда Тоше Проески

Реклама

Пред 11 години јавноста ја потресе вестта за смртта на еден од најубавите, најхаризматичните и најскромните пејачи – нашиот ангел Тоше Проески. Многумина не веруваа во вестта, а ден денес сѐ уште сакаме да се убедиме себеси дека сето ова е само сон.

Секој 16-ти октомври ќе се потсетуваме на тој кобен ден во 2007 година, кога засекогаш нѐ напушти една од најголемите македонски легенди. Сите оние кои го познаваа и кои имаа чест да соработуваат со него, имаат само пофални зборови. Тоше беше пример за многумина, пример за тоа како се пее, како се сака од душа, како се гради музичка кариера и како треба да се биде скромен.

Маркетинг

Не се поклонуваме само ние, туку пред него се поклонува целиот регион. Секаде се слушаат и се потпевнуваат неговите песни кои се полни со емоции и кои остануваат запаметени со генерации. Неговите стихови живеат во секој од нас, во секој кој тагува и се радува, во секој кој пати и кој има надеж. Иако е тешко да издвоиме, во негова чест денес ви споделуваме неколку стихови од неговите најубави песни.

Маркетинг

1. „Тој поглед сѐ ми значи, ќе ти дарам топла душа,твоето срце лед што зрачи ќе се стопи, ќе ме слуша. И би дарил вишни неба, дај ми место покрај себе, ти си сонот што ми треба, никој не е како тебе.“

2. „За овој свет, eден и единствен, треба сѐ да сториме, само тој го имаме. За овој свет, кој ни е единствен, и со детска насмевка треба да се бориме. За овој свет!“

3. „Во коси да ти спијам, без престан да те љубам, од твојот нежен допир да излудам. Во коси да ти спијам, во зора да те будам, за тебе ако треба сѐ да изгубам.“

4. „Што е тоа во луѓето тажно што живеат во животи туѓи, кој во моето минато плови сосем мирно без да се срами.“

5. „По тебе кај што газиш мојот поглед бакнува, мојто срце стапки ти одбројува, гори надеж ден да дојде твојот чекор кон мене да појде.“

6. „Среќна ли си ти, сега кога носиш злато или несреќна што на мое место туѓи дланки треперат? Тоа срце кому припаѓа?“

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button