Реклама
Рецепти

Џимиринките се подобри од смоките и чипсот, но НЕ треба да ги јадеме пречесто заради мастите

Реклама

Џимиринките во овој период се главни „фаци“ во месарниците, а тоа можеме да го видиме и од нивната цена.

Но според нутриционистите тие НЕ се намирница која што ја препорачуваат за во вашето мени, посебно не ако ја јадеме пречесто. Тие се прават од варење на масното ткиво и сланината на свињата. За време на варењето маста се топи и цеди, а ткивото се пржи и суши. И така настануваат џимиринките.

Маркетинг

Откако ќе бидат направени тие се јадат солени во комбинација со лук и сирење. А се одлични и за мезе. Но не треба да заборавиме дека во 100 грама џимиринки има 524 калории односно 40 грама масти и 40.8 грама протеин.

Маркетинг

Треба да ги изберете оние кои не се претемни бидејќи тоа значи дека се изгорени, како и оние кои не се пресолени.

Но не треба да заборавите дека џимиринките се пржена свинска маснотија, па како таква не содржи други нутритивни вредности. Затоа тие треба да се консумираат само како деликатес и можат да бидат дел од урамнотежена исхрана ако се консумира во мали количини и во комбинација со зеленчук, сир или други сувомеснати производи како пушено месо, плешки или нешто слично.

Проблемот со нив е што имаат големо количество маст и сол, а и двете состојки доколку се претера со нив делуваат негативно на нашето здравје.

Но џимиринките како мезе секако се далеку подобро од индустрискиот чипс и сличните намирници, а со лук се и одлични за да му ги дадат на вашето тело состојките што му се потребни за сезоната на вируси.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button