Реклама
Вирално

Ќерка (16) на милионер почина по судир со своето Порше – скршена од болка се огласи нејзината близначка

Младата девојка загина во близина на нивната семејна куќа вредна 2.6 милиони евра

Реклама

Нејзината сестра близначка со трогателна порака се збогуваше од неа

Ќерка на високо позициониран директор во компанијата „Lowe’s“, која се занимава со продажба на се што е потребно за домаќинствата, почина во саботата во раните утрински часови откако со своето Порше 911 од 2014 година, со кое наводно возела со прекумерна брзина, удрила во дрво, а двајца сопатници на кои идентитетот се уште не е соопштен, и кои биле со неа во автомобилот, завршиле во болница.

Стела Грејс Брајт (16) починала на лице место, во близина на езерото Норман во Северна Каролина, додека двајца сопатници, на кои идентитетот не е соопштен, завршиле во болница. Не се знае ни во каква состојба се, односно каква е нивната ситуација.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Еден од нив седел во задниот дел иако станува збор за двосед кој не треба да превезува патници на задните седишта.

Маркетинг

Фото: Инстаграм

Стела и другиот патник на предното седиште бил врзани со појаси, додека третото лице кое седело во задниот дел не било врзано.

Трагедијата се случила во 3.20 часот наутро, во близина на куќата на семејството на Стела во вредност од 2.6 милиони долари.

Фото: Инстаграм

Луксузната куќа се наоѓа покрај самото езеро, има приватно пристаниште, базен со солена вода и раскошен спа центар.

Фото: Инстаграм

„Не знам како ќе живеам уште еден ден без тебе, ти ми беше и се уште си ми сé. Не заслужи да заминеш вака брзо, навистина“, напиша сестрата близначка на Стела, Оливија, која е скршена од болка заради преголемата загуба.

Фото: Инстаграм

Нема да престанам да мислам на тебе и знам дека сакаш да бидам среќна, па ќе се обидам да бидам среќна само заради тебе, вели таа.

Фото: Инстаграм

Инаку, таткото на овие девојки, Крис Брајт, е потпретседател на еден значаен оддел во големата американска компанија „Lowe’s“ која се занимава со малопродажба на сите потребни работи за домаќинствата и има ланец на продавници во Америка.

Фото: Инстаграм

Според неговиот профил на ЛинкедИн, во компанијата дошол пред три години, а претходно работел на истата позиција во Нордсторм.

Фото: Инстаграм

Мајката на 16-годишната Стела, Тереза, се занимава со правење подароци и редовно објавуваше фотографии од своите ќерки и нивниот луксузен дом на социјалните мрежи

Тие по потекло се од Северозападен Пацифик.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button