Реклама
Наши ѕвезди

Ќерката на Сузана Турунџиева сподели преубава вест – емотивната објава на сите им ги стопи срцата

Никогаш не била посреќна...

Реклама

Познатата пејачка, водителка и писателка, Сузана Турунџиева, направи мала журка по повод својот роденден.

Таа наполни 55 години, а најубавите честитки секако ги доби од своите две ќерки Матеа и Лора, како и од внукот Јаков.

„Среќен роденден мами, среќна да си секогаш“ и порача Лора на својата мајка, а слична честитка Сузана си доби и од Матеа.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

„Среќен роденден на најдобрата мајка на светот“, и порача Матеа објавувајќи исто така колаж од заеднички фотографии.

Маркетинг

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Не ја крие радоста

Постарата ќерка Лора сподели и едно видео од забавата и откри колку Сузана беше изненадена од изненадувањето што и го приредија. Облечена во тесен, црвен фустан во кој изгледаше како да е во своите луди дваесетти години, шармантната водителка блескаше од среќа додека ги дуваше свеќичките од тортата, не криејќи ја својата голема радост од изненадувањето.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Нејзината ќерка Лора сподели и неколку „сториња“ од подарокот што го доби за 8-ми Март од својот си Јаков, внукот на Турунџиева.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Потсетуваме, Сузана е поприлично активна на социјалните мрежи каде често споделува и детали од приватниот живот.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Таа е една од оние жени за кои годините се само бројка, а доказ за тоа се и нејзините фотки на кои изгледа неверојатно.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Изгледа совршено и во шестата деценија

Но покрај својот феноменален изглед со кој покажува дека годините не се важни и со тоа им е инспирација на многу дами, Сузана е и една талентирана жена со најразлични хобија што оставаат без здив.

Имено, покрај тоа што е водителка, пејачка и писателка, таа е и една самохрана мајка која отсекогаш се борела како лавица за своите најмили. Но покрај тоа, Турунџиева се грижи и за другите, па така на сите им е познато дека веќе одамна несебично и помага на својата пријателка Атиџе Муратова (повеќе за ова тука), а импресионира и нејзиното оригинално хоби да изработува персонализирани подароци направени од рачно нацртани камчиња со посвета.

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Инстаграм/ Сузана Турунџиева

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button