Реклама
Кафе муабет

Ѕирнете во луксузниот дом на Анастасија Ражнатовиќ и Немања Гудељ во Севиља: Зетот на Цеца е на листата најплатени српски фудбалери!

Тие очекуваат девојче...

Реклама

Младата пејачка Анастасија Ражнатовиќ е бремена во четвртиот месец и моментално е во Шпанија, каде што живее заедно со нејзиниот избраник Немања Гудељ.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Како што двојката веќе откри, тие за неколку месеци ќе станат родители на девојче а фудбалерот и приреди прекрасно изненадување на својата вереница на нејзиниот роденден.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Немања ја изненади Анастасија со торта, плишани играчки и балони.

Маркетинг

– Те сакам – напиша таа во описот на фотографијата, а можеше да се види и дел од луксузниот дом во кој живеат Немања и Анастасија во Севиља.

фото инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ

Тие во неколку наврати споделија фотографии од домот во Севиља, а фановите останаа воодушевени од деловите од луксузната вила чија приватност е максимално загарантирана, бидејќи дворот е опкружен со висока бетонска ограда.

Маркетинг
фото принтскрин

Немања Гудељ е еден од најуспешните српски фудбалери. Моментално настапува за шпанска Севиља, а е и дел од српската репрезентација.

Гудељ не е мајстор за скандали и вљубеник во ноќниот живот, но претходно го поврзуваа со поп ѕвездата и колешка на Анастасија, Сања Вучиќ. Двајцата ја криеја својата врска, а потоа пред неколку месеци таа потврди дека се работи за познат фудбалер од Србија.

фото принтскрин

Гудељ обожава тетовирање, а целото тело му е покриено со тетоважи. Последната тетоважа ја направи во Севиља каде моментално настапува за истоимениот клуб – три крста на грбот.

Дечкото на Анастасија е на врвот на листата на најплатени српски фудбалери. Неговата годишна плата во Севиља е 5.650.000 евра.

фото принтскрин

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button