Реклама
LIFESTYLEВирално

Шпанските ловци масовно ги убиваат своите кучиња – тие ги фрлаат во бунари!

Реклама

На илјадници кучиња за лов во Шпанија им се предвидува смрт во агонија, бидејќи нивните сопственици ги оставаат да угинат. Причина? Ловечката сезона е при крај, а чувањето на овие кучиња е голем трошок за ловците.

Затоа се решаваат на екстремно суров начин – со фрлање во бунарите и со затворање на дупките, така што тие не можат да избегаат, бидејќи се врзани.

Маркетинг

За жал, ова не е прв пат да се случува такво нешто – отфрлањето на шпанските хртвои, познати и под името галгос, одамна стана срамна традиција во оваа земја. Шпанската асоцијација за заштита на животните проценува дека секоја година се убиваат околу 50.000 животи .

Британската активистка Ана Клементс, која живее во Шпанија, со години ја води кампањата за спасување на овие кучиња. Секоја година, таа и СОС Галгос од Барселона спасуваат по 350 хртови.

Маркетинг

 

„Ова е шпанска валкана тајна”

„Ова е шпанска валкана тајна и нешто што туристите ретко го гледаат, очекуваме пристигнување на илјадници напуштени кучиња, но не можеме да се справиме и со други добротворни организации (со толку голем број на кучиња). Не можеме да ги спасиме сите, но некои преживеаја, а од неодамна имавме и оној што беше спасен кога минувачот го слушнал неговиот лаеж, во водата на дното на бунарот “, рече таа.

Шпанските ловци честопати ги отфрлаат бидејќи не се покажуваат добри во работи со ловот или не се придржуваат до строгите правила. Но, бидејќи оваа раса е класифицирана како работно куче, законот за домашни миленици за него не важи.

https://www.facebook.com/sosgalgosoficial/videos/2352180111677313/

 

 

„Ловците порано ги бесеа кучињата, но ова сега се случува многу поретко. Затоа пак тие се редовно фрлани на бензински пумпи долж патот, а минатата година имаше 20 кучиња кои  беа врзани за шини, така што сите да бидат убиени кога ќе помине возот. Ова е долгогодишна традиција во некои рурални средини, а многу луѓе премногу се плашат да зборуваат. Туристите не ја гледаат оваа суровост, а владата забавено ги презема мерките затоа што ловечкото лоби стана силно во оваа земја”, вели Климентс.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button