Реклама
Вирално

Шестмесечното бебе успеа да го победи коронавирусот – докторите и медицинските сестри го испратија со аплауз (видео)

Реклама

Шестмесечната Ерин Бејтс целосно оздрави од коронавирусот, пренесуваат британските медиуми.

Бебето било примено во болницата во Ливерпул пред две недели и веднаш било ставено на кислород. Набргу потоа, пристигнале наодите кои откриле дека е заразена со Ковид-19.

Маркетинг

Лекарите и даваа мала шанса дека ќе оздрави бидејќи закрепнуваше од операција на срцето.

Маркетинг

Нејзиниот татко објави фотографија од својата ќерка од болнички кревет за да ги предупреди луѓето да ја почитуваат социјалната дистанца и да останат дома. „Ерин го победи вирусот. Таа се насмевнува и гуга“, напиша нејзиниот татко Вејн, а среќна е и нејзината мајка.

„Ние сме горди. Толку мала, а таков борец “, додаде таа.

Вработените во болницата ја почестија малата Ерин, откако излегоа од просторијата за изолација, со голем аплауз.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button