Реклама
Хороскоп

Чудо што се случи во Острог, а за кое сите зборуваат – уште една НЕВЕРOJAТНА приказна за моќта на Свети Василиј

Реклама

Не можеше да зборува, па говорот му се врати откако се помоли пред м0штите на големиот Свети Василиј.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Веќе со векови во близина на манастирот Острог во Црна Гора се случуваат чудни и мистериозни работи за кои науката нема објаснување, а кои верниците му ги препишуваат на чудотворецот и светец Василиј Острошки.

Протојереј – ставрофор Ранко Билинац, кој е парох во Источно Сараево, го има забележано едно од последните случувања на исцелителната сила на молитвата пред м0штите на големиот православен светец, Василиј Острошки. Настанот го прераскажа Југослав Васковиќ, кој е исто така од Источно Сараево, и кој тоа самиот го доживеал.

Маркетинг

„На ден 08 јули 2013 година почнав тешко да ги изговарам зборовите. По два дена потполно онемев“.

„Бев кај доктори, но тие немаа решение за мојата болест“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Југослав во својата исповед вели дека со ноќи не можел да заспие и дека најтешко му било што децата го гледале таков.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„По 17 дена моја аго-нија заминав, слава му и милост, под Острог, каде што тамошниот свештеник над м0штите на Свети Василиј ми прочита молитва. Истата таа ноќ кога се вратив дома, легнав да спијам надевајќи се дека говорот ќе ми се врати. Верував во помошта на Светителот“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

„Следното утро, во 06 часот и 55 минути, кога се разбудив, мене ми се врати моќта на говорот. Слава му на Светителот и фала“ пишува порталот „Београд.ин“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Невеpoјатна приказна за една девојка што била излечена во манастирот

Интересно за ова место е и тоа што сите верници што се дојдени во манастирот за светецот зборуваат како да е жив.

И навистина, доколку поразговарате со некој од нив, ќе забележите дека сите викаат „Ќе одиме да го видиме светецот“, како да е во прашање некој што се уште чекори по оваа  наша земја и е во манастирот.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Тие сите се однесуваат како Свети Василиј да е жив. Но тоа е затоа што се верува дека неговиот дух се уште го посетува ова месо, како и тоа дека со помош на Божјо чудо одвреме-навреме се поместува и неговото тело.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Едно сведочење за тоа минатата година пренесе пензионираниот владика Атанасије, зборувајќи за една девојка која била опceдната со бec, а свештениците од манастирот побарале спас од светецот.

Како што раскажуваше владиката Атанасије, во манастирот во Острог тогаш донеле една девојка која била од друго место, а била опседната од бec. Најпрво и читале молитви во манастирот во близината на селото во кое што живеела, но кога игуменот му се јавил и го прашал што да прават владиката им кажал да ја носат кај Василиј.

Снимката за неговата исповед за девојката ја има на Јутјуб.

Како што раскажува овој владика, девојката на почетокот се противела, а ѓа-олот зборувал од неа.

„Не сакам јас таму, таму ќе ме зaкo-лaт“.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Но тие сепак решиле да ја донесат во Острог. Ја донеле на местото во манастирот каде што се наоѓа телото на Свети Василиј, а таа цело време плачела. Плачела долго време, а потоа ја однеле долу да се одмори. Кога се симнала, имало народ под скалите, а една жена меѓу нив викнал:

„Кој ја кадеше? Целата мириса на темјан!“ Очигледно дека тоа беше свети Василиј, го пренесува своето сведочење овој владика.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

По ова според зборовите на владиката Атанасије, девојката почнала да повpaќа.

„Како што вели народот, ги истури цревата. Кога се смири, ја вратија, преспа во манастирот и потполно здрава се врати во своето село. По некое време се омажи“, раскажа тој.

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Фото: Принтскрин/ Јутјуб

Извор: Београд.ин, Јутјуб

Поврзано

Back to top button