Реклама
LIFESTYLEВирално

Цртаните филмови со кои израснавме. Се сеќавате ли на нив?

Реклама

Цртаните филмови на кои денес ќе се присетиме веќе не се на телевизиски екрани. Покрај тоа што нè забавуваа, некои од нив беа многу поучни .

Еве една наша листа на цртани. Се надеваме дека ќе ве вратиме во времето кога сте биле деца.

Маркетинг

Чевлички

Во оригинал, овој цртан филм се вика The Shoe People првпат беше прикажан во Велика Британија во 1987 година. Авторот ја добил инспирацијата од чевли, забележувајќи дека тој може многу да научи за човечката личност, гледајќи само во неговиот стил и чевли. Оттаму се излезени и ликовите во самиот цртан.


Грашков град

Грашковград е создаден со примерот на сликовницата, а песната иде вака: ” Во градината меѓу цвеќињата мал град е скриен, во негоживеат мали суштества, велат дека Грашкоград е тоа.. Малите зелени суштества живеат во “дното на градината”.Ликовите подоцна станаа пријатели и почнаа да зборуваат приказни за нивните авантури, како и во другите цртани филмови, а тука се и негативи, тие живеат на врвот на ридот над Грашковград во нивната стара палата.

Маркетинг

Хи-Мен

„Во името на моќта на сивиот череп!“ …Хи-Мен, Кралицата и Орко беа дел од овој прилично акционен цртан филм со потекло од Америка. На планета Етернија, проткаен со магија и фантазија, доволно беше да се каже и да се тргне во борба против злобниот Костур.

Радувањата на Радован

Овој цртан е исполнет со авантурата на среќното дете кое постојано се смее, па поради тоа е прекрстен во Радован. Неговите родители се грижат за градината, а тој ја има убавата Катеринче за другарка и главниот анти-херој кој стана синоним за злобен лик – лошото детиште Хуго.

Мечето Ушко

Мечето Ушко од Полска. Неговата утринска и вечерна рутина ни е врежана во спомените, како и приспивната мелодија.

 

Калимеро

Единственото црно пиленце кое велеше „Нема правда“, е можеби најстариот од сите овие цртани, бидејќи премиерата ја доживеал во далечната 1962 година во едно италијанско шоу. Продукцијата на Калимеро е мешана, односно за неговата реализација биле вклучени италијански, јапонски, француски, англиски и холандски креатори и уметници.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button