Реклама
Наши ѕвезди

Цеца откри како се негува, но и кој маж се грижи за неа

Реклама

Цеца ја пофали својата колешка

Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ одржа уште еден спектакуларен концерт во една од најпознатите дискотеки во Будва. Екипата на Ексклузив ја пречека на аеродромот пред да замине на Црногорското приморје.

Маркетинг

Таа во своето интервју најпрво ја пофали колешката Марина Висковиќ, која неодамна почна да се бави со мода и чии креации ги носи, а потоа откри како се негува и дали некој маж се грижи за неа.

„Многу пораки добивам, ме прашуваат жени како се негувам. Јас тоа не го кријам, работам на себе. Моите соработници се долгогодишни, тоа е доверба која е стекната со години. Сега правам ласерски третмани. А дали маж се грижи за мене? Масер. Масажата е здравје, на сите им треба и им годи. Посебно кога сте под стрес, тоа е нешто најдобро што можете да си го дозволите“, раскажа Цеца.

Цеца меѓу другото зборуваше и како се бори со стресот но и со луѓето со кои не е во добри односи

„На мене не ми е важно што се зборува, туку кој кажува. Постојат луѓе кои не ми се важни во животот, па од тука и не можат да ме повредат. Не постојат на мојата мапа. Мислам дека тоа и со моите дела го покажувам“.

На самиот крај од интервјуто, Цеца одговори и на новинарските натписи дека имала љубовна афера.

„Па тоа се глупости. Тоа веќе стана досадно и иритантно (приказните за емотивниот живот)“, заклучи Цеца.

Извор: Pink.rs

Поврзано

Back to top button