Реклама
Наши ѕвезди

Цеца искрено за здравствените проблеми што ги има – фановите загрижени, нон-стоп прима инфузии?!

Еве зошто Цеца не беше на снимањето кога Мики Секуловски растури на сцената

Реклама

Беше отсутна некое време

Познатата фолк пејачка, Светлана Цеца Ражнатовиќ, по кратка пауза повторно се врати во „Ѕвездите на Гранд“.

Таа заради здравствени проблеми мораше да отсуствува од снимањата, а за тоа време ја заменуваше Ивана Петерс.

Маркетинг

Како што пренесуваат медиумите, Цеца се соочувала со здравствени проблеми заради кои ја немаше во последната емисија, а кога повторно се појави пред студиото на Гранд, облечена во светкаво сако, провокативен горен дел и панталони, пред претставниците на седмата сила откри што и се случувало последните денови.

Маркетинг
Принтскрин/ Ѕвездитре на Гранд

Наводно, како што самата откри, имала стомачен вирус заради кој морала да отсуствува од снимањата. Потоа имала проблем и со белите дробови, па постојано била на инфузии.

„Имам добар имунитет, не знам што е ова, некоја страшна епидемија“, изјави Цеца па се надоврза за она што и го порачал синот Вељко.

„Јас не мирувам, никако да се залечам. Тоа и синот тукушто ми го кажа ‘Те молам жено направи пауза’“, изјави пејачката.

Принтскрин/ Ѕвездитре на Гранд

Мики и без Цеца растури

Потсетуваме, Цеца која му е менторка на Мики Секуловски, не се појави во последната емисија кога тој растури.

Мики тогаш со песни од „Бијело дугме“ и „Дивље јагоде“ направи хаос на сцената, а во улога на негова менторка беше колешката на Цеца, Ивана Петерс која не го криеше воодушевувањето од него.

Принтскрин/ Ѕвездитре на Гранд

„Мислам дека Мики беше ѕвер од почеток до крај, само фалеше да блуе оган, . Дури во еден момент со рацете му покажував да се смири, да не експлодира тука сé“, изјави Ивана по настапот на Мики.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button