Реклама
Наши ѕвезди

Цеца го донесе момчето во семејниот дом! Вељко веднаш се огласи на социјалните мрежи, фановите во шок, ова ги збуни сите

Реклама

Познатата пејачка одамна не била олку среќна.

Фото: Инстаграм

Откако заплови во емотивна врска со девет години помладиот Богдан Срејовиќ (38) од Белград, за популарната фолк пејачка Светлана Цеца Ражнатовиќ (47) сите зборуваат дека сега изгледа како да е на седмото небо.

Како што пренесуваат медиумите, таа деновиве го запознала новото момче со своите деца Вељко и Анастасија,

Маркетинг

Цеца наводно заедно со момчето и Анастасија и Вељко ја пречекала Новата година во нејзиниот дом во Белград.

Фото: Приватна архива

Разликата во годините за неа не преставува проблем, затоа што Богдан е веќе возрасен и созреан маж. Како што вели извор за српските медиуми, и покрај разликата во годините, тие изгледаат и физички како одличен пар, посебно што пејачката го негува својот изглед и се држи за свои години.

Маркетинг

„Таа е заљубена и не го крие тоа, и прв пат по долго време е сакана и да сака некого, а љубовта и се случи потполно неочекувано“, вели изворот.

Дури и тоа што Богдан има ќерка од претходниот брак не преставува проблем за пејачката, туку напротив, тоа ги прави поблиски бидејќи и двајцата се родители, па знаат што значи грижа за децата. И бидејќи Богдан веќе е татко, нему не му е важно дали ќе има уште деца или не, а тоа ја прави Цеца поприлично релаксирана и не и создава притисок, раскажува изворот близок до парот за „Ало“.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Откако ги запознал децата на својата сакана, Богдан ја запозна Цеца со својата петгодишна ќерка Искра.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Бидејќи поранешната сопруга на Богдан, Зорана, е во врска со колегата на Цеца и нејзин добар пријател Саша Ковачевиќ, пејачката ја знаеше неговата ќерка од фотографиите на Сашо и неговите видеа што ги објавува на Инстаграм и од порано. Таа дури често и истакнуваше дека е слатка и ги лајкуваше и ставаше срциња на нивните заеднички фотографии.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Единственото нешто за што Цеца била загрижена е тоа како Вељко и Анастасија ќе го прифатат нејзиното ново момче.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа целиот живот беше убедена дека на нив, по Жељко Ражнатовиќ Аркан, никој нема да биде доволно добар. Заради тоа се плашеше да не остане сама, а од тие причини и не можеше да се опушти и да влезе во емотивни врски, па и да ги запознае децата со своите партнери. Но овој пат, како што пренесуваат медиумите, пејачката собрала сила и го направила тоа, а Вељко и Анастасија биле воодушевени од Богдан, па тие предложиле сите заедно да ја прослават Новата година во нивниот семеен дом. И Цеца не се покаја заради тоа.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Очигледно дека Богдан го помина тестот кај нејзините деца, кои сега го следат и на Инстаграм и му ставаат лајкови под неговите фотографии.

Фото: Инстаграм/ Вељко Ражнатовиќ

А откако веста дека Цеца е во емотивна врска се појави во јавноста, се огласи и Вељко на социјалните мрежи. Но многумина беа изненадени кога објави фотографија од својот татко Жељко Ражнатовиќ Аркан со слика на круна.

Фото: Инстаграм/ Анастасија Ражнатовиќ

Што сакаше да каже Вељко со овој потег засега останува нејасно, но можеби ова и нема никаква врска со неговата мајка, туку само со него, односно синот на Цеца можеби само имаше потреба да покаже пред сите дека неговиот татко засекогаш ќе остане во неговото срце и ќе биде еден и единствен.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button