Реклама
Наши ѕвезди

Целиот Балкан во солзи – не напушти една од најпознатите актерки во поранешна Југославија

Реклама

Замина легендата на југословенската кинематографија

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

На 66 годишна возраст, по подолго боледување, згасна животот на Мира Фурлан, една од најголемите и најубавите актерки од поранешна Југославија.

Публиката ја памти по нејзини бројни познати театарски улоги, филмови и телевизии. Таа важеше и за една од најубавите актерки од овие простори.

Маркетинг

Мира на почетокот од 90-тите години ќе се пресели во Америка каде исто така оствари значителна кариера.

Фото: Јутјуб, принтскрин

Познатата актерка овој свет го напушти по подолго боледување, а нејзината животна приказна е нереална, како за филм. Посебно откако ќе се вљуби во еден Горан, за неа ништо не е исто, а и „преку барата“, каде што беше приморана да замине, не ја дочекаа рози.

Маркетинг

Мира е родена во Загреб и важеше за симбол на женственоста во поранешна Југославија. Во својата кариера се има појавено во култните југословенски филмови „Татко на службено патување“, „Убавината на порокот“, „Киклоп“… На врвот на својата слава, во сега веќе далечната 1991 година, таа се сели во Америка каде ќе започне потполно нов живот.

Фото: Јутјуб/ РТС (принтскрин)

Имено, та во 1986 година ќе се запознае со српскиот режисер Горан Гајиќ со кој набргу ќе започне врска.

Мира заради својата љубовта живееше на адреса Белград – Загреб, а некои хрватски медиуми на почетокот од 90-тите ја обвинија дека е приклонета кон Србија и објавуваа текстови во кои ја нарекуваа предавничка.

Затоа таа со саканиот во 1991 беа приморани да се преселат во Белград, од каде заминуваат во Америка.

Фото: Инстаграм/ Мира Фурлан (принтскрин)

Кога пристигнале во САД, тие морале да работат сé за да можат да преживеат. Горан на почетокот работел како разнесувач на роба, асистент на монтажа и монтажер, а Мира како келнерка, продавачка и преведувачка.

Во периодот од 2004 до 2008 глумеше во американската серија Изгубени која оствари планетарен успех, а беше гледана и кај нас.

По снимањето на оваа серија и откако ќе постигне углед во Америка во 2014 година ќе добие понуда да предава на филмската академија во Лос Анџелес, а потоа и на њујоршката филмска академија.

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

И покрај непријатното минато што го имаше во својата земја, Мира во неколку наврати за хрватските медиуми изјави дека има желба нејзиниот син да го научи хрватскиот јазик како и минатото на нејзиниот народ.

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Мира во Хрватска заради деловни обврски се врати во 2002 година, а прв пат на летување осум години подоцна. Познатата актерка тогаш успеа и да го врати својот стан кој неправедно и беше одземен, а кога ја прашаа дали би се вратила во својата татковина, таа одговори негативно.

Фото: Инстаграм/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Фото: Фејсбук/ Мира Фурлан (принтскрин)

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button