Реклама
Наши ѕвезди

Уништени куќи, изгубени животи – Јелена Јованова потресена и ВОЗНЕМИРЕНА од земјотресот, се огласи и понуди помош!

Реклама

Хрватска вчера повторно беше погодена од силен земјотрес.

Магнитудата на потресот беше 6,3, а епицентарот во близина на местото Петриња.

Маркетинг

По тој повод на социјалните мрежи се огласи и македонската актерка Јелена Јованова Периќ како би соопштила дека е вознемирена и потресена заради несреќата што им се случи на нејзините сограѓани.

Имено, актерката живее во Загреб заедно со својот сопруг и колега Стјепан Периќ и нивниот син Јаков, а искуството по првиот земјотрес го сподели на Фејсбук.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

„За 60 секунди бев облечена и излезена надвор. Минатиот пат ми требаа 180 секунди.  Напредок. Браво. Значи доста. Доста. П.С. Добро сме. Фала ви луѓе“, напиша актерката на Фејсбук.

Но по овој потрес, Хрватска беше погодена од низа земјотреси кои нанесоа големи штеди во одделени градови и региони, а најсилниот земјотрес со јачина од 6,3 степени по Рихтер се случи вчера во кој имаше жртви и кога многу луѓе го изгубија покривот над својата глава.

По земјотресот во Петриња повторно се огласи Јелена која најпрво напиша дека е во ред, а потоа на социјалните мрежи сподели и објава во која им се нуди помош на семејствата што имаат мали деца и кои останале без дом.

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

„Живи и здрави сме. Психички се оштетив ми се чини за цел живот Тресеше како да нема крај и како да нема утре. Не можам на сите да им пишам посебно, неизмерно благодарам за вашата грижа“ напиша таа и додаде:

„Страшно и жално за оние кои останаа без своите најмили и без кров на главата“, објави Јелена на Фејсбук.

 

Таа потоа на Инстаграм ја сподели следната објава:

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

„Поседуваме 10 апартмани во Задар, на семејствата што имаат мали деца и останале без дом во Петриње, нека се јават за бесплатен сместување додека не се реши ситуацијата во Петриње. Јавете се на бројот Ален Периќ 091 3333 501“

„Ако може некој да помогне, нека помогне, ако не проследете ја пораката понатаму“, пишува во објавата на Јелена.

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

По ова познатата македонска актерка објави и други апели за помош што можете да ги видите во продолжение, како и неколку фотографии од несреќата.

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

Фото: Инстаграм/ suzanasab

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

Фото: Инстаграм/ Јелена Јованова Периќ

Фото: Инстаграм/ kadulja_samobor

Фото: Инстаграм/ themumpreneurcom

Фото: Инстаграм/ themumpreneurcom

Фото: Инстаграм/ themumpreneurcom

Фото: Инстаграм/ zanamari

Фото: Инстаграм/ preslicavanje

Фото: Инстаграм/ ivamillereau

Фото: Инстаграм/ karlovacki.hr

Фото: Инстаграм/ radio_mreznica

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button