Убавината и шармот кај Дилета не проаѓа: Атрактивната новинарка го „шутна“ згодниот Џан Јаман – ова е причината!
Пукна тиквата помеѓу актеркот и новинарката.
Славната спортска новинарка Дилета Леота повторно е слободна птица. Атрактивната новинарка раскина со најпосакуваниот турски актер Џан Јаман.
Дилета по четири месеци одлучила да стави крај на љубовната приказна со Јаман, а како главна причина се наведува дека е неговата голема љубомора, пишуваат тамошните медиуми.
Исто така медиумите пишуаат дека згодиот Џан Јаман не можел да се носи со убавината на неговата девојка. Бил љубоморен на сите погледи кон Дилета.
Овие работи на убавата новинарка многу и сметале, па поради тоа одлучила да раскине со убавиот актер.
-Се чини дека таа се одлучила да стави крај на се. Неговиот шарм не беше доволен, бидејќи Дилета не можеше да премине преку некои работи. Поради тоа одлучила да ја заврши врската, објавија медиумите.
Пред четири месеци турскиот актер напиша на својот Инстаграм профил.
– „Опасна двојка“, напиша тој на италијански јазик под фотографијата на која е заедно со Дилета.
Шпекулациите за Џан и Дилета започнаа откако тие престојуваа во ист хотел во Рим. Италијанските медиуми наголемо се распишаа и објавуваа фотографии од новопечената двојка.
– Џан и Дилета се забавуваат од минатиот декември и се многу за вљубени. Тој го направи првиот чекор и ја контактираше Дилета преку Инстаграм – изјави извор за „Венити фер“.
Атрактивната водителка пак, ја раскина долгогодишната врска со боксерот Даниеле Скардин кон крајот на минатата година.
Исто така новинарката пред турскиот заводник беше со најголемата фудбалска ѕвезда Златан Ибрахимовиќ, и тоа Дилета беше напаѓана бидејќи успеала да му ја расипне долгогдишнара љубовна врска на Златен.
Дилета и Ибрахимовиќ снимија неколку „жешки“ реклами и тоа беше доволно за да ги подгреат приказните за нивни интимен однос, а оваа вест изненади многумина со оглед на тоа дека Златан имаше добра врска со Хелена Сегер, 11 години постарата манекенка со која има и два сина.
Хелена е сосема обична девојка, а пред врската со Ибрахимовиќ, од кого е постара 11 години, не беше премногу во јавноста. Таа сака да ужива во приватниот живот, а се запозна со Швеѓанецот, кога имаше 21 година.
Убавата новинарка по сите шпекулации се огласи поради наводната врска со Златан Ибрахимовиќ, еве што изјави таа:
Дилета Леота, јасно проговори за гласините кои што ги доживеа со 38-годишниот Златан Ибрахимовиќ.
Дилета претходно се појави во една реклама заедно со ѕвездата на Милан, па набрзо почнале да се шират гласини дека постои нешто помеѓу нив, но таа тогаш била во врска со италијанскиот боксер, а Златан одамна е во брак.
Во интервју за еден италијански магазин, Леота конечно ја разјаснила ситуацијата:
-Да бидеш со зафатен маж е неприфатливо за моите принципи, покрај целиот избор за светот мораш да имаш свест да не се доведеш до погрешни ситуации – изјавила Леота меѓу другото.
-Сега сум слободна. Отсекогаш сум била верна, морам само да соберам храброст и простор за длабинско запознавање на себе и носење на важни избори во животот.
Дилета исто така го искоментирала и крајот на својата врска со боксерот Даниел Скардини:
-Не негирам ништо, меѓу нас постоеше длабока љубов.
Потоа таа исто така коментира и за тешкиот период кој што го поминала во текот на почетоците на спортското новинарство, кога се појавила на малите екрани, коментирајќи ги најголемите натпревари во Италија и интервјуирајќи ги најголемите спортски ѕвезди, а меѓу нив и Кристијано Роналдо.
-На почеток не беше лесно, колегата ми рече „те донесоа тука поради градите“, но поради таа причина сигурно не го напуштив „Sky“.
Одлучив да одам во „DAZN“ затоа што тоа беше предизвик и затоа што сметав дека пазарот на сателитската телевизија почна да се менува“ – заклучила таа.
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм
ФОТО: Дилета Леота / Инстаграм