Реклама
CelebrityTV

Турскиот заводник од „Златниот кафез“ стана еден од најпосакуваните актери- „По шест дена од оваа улога му се случи нешто неочекувано…“

Ги фрли во сенка познатите турски имиња...

Реклама

Турската серија „Златниот кафез“ стана вистински хит во регионот.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

Особено внимание привлече главниот лик на Ферит кој го игра младиот актер Мерт Рамазан Демир.

Маркетинг

За многу кратко време Мерт стана миленик на женската публика и ги фрли во заборав Бали Бег и Џан Јаман.

Маркетинг
фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

Во серијата тој е развратен богаташ, но во реалноста тој е 25-годишник кој благодарение на серијата „Златен кафез“ стана еден од најпосакуваните Турци.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

Мерт Рамазан Демир во приватниот живот е спортски тип, сака бокс, фудбал и кошарка, а поради улогата на Ферит, признава, почнал да се менува.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

„Ова е толку чудно. После 6 дена играње на оваа улога и многу часови… сите ме прашуваат дали Ферит и Мерт се истата личност. Но, напротив, пред да започне овој проект, јас бев сосема друг човек. Но, кога почнав да ја играм улогата на Ферит, полека станав тој во текот на процесот.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

-Во секојдневниот живот се однесувам како Ферит. Се менувам во зависност од расположението на Ферит. Понекогаш ако е сцената со разгалениот Ферит тој ден, станувам разгалено дете! Ако сака да се налути или да вика на некого, остатокот од денот ќе го поминам лут“, вели Мерт.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

„Секоја недела со ново сценарио запознавам различни делови на Ферит. Секоја недела велам: „Леле, дали навистина е таков?“. Генерално, Ферит е разгален, самодоволен, дури и премногу самодоволен до нарцизам. Не почитува ничие мислење освен своето, не цени ништо. Најмногу го цени својот дедо, во кој го гледа најголемиот авторитет. Освен него, тој е подготвен да се откаже од секого. Откако ќе го добие она што го сака, тој продолжува со својот живот“, вели Мерт.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

Возбудливата љубовна приказна, која започнува во Антеп, а потоа се искачува на истанбулската сцена, е полна со драма, пресврти, но пред се романтични сцени, на актерската двојка Афра Сарачоглу и Мерт Рамазан Демир.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

Овој пар освен серии се поврзува и кога се исклучуваат камерите. Се шпекулира дека Мерт Рамазан Демир и актерката Афра Сарачолу се во врска, а шпекулациите ги подгреа фактот дека Афра веднаш по почетокот на снимањето на серијата раскинала со долгогодишното момче. Не е чудно што тие се предмет на бројни шпекулации бидејќи серијата Златен кафез е вистински хит во Турција и пошироко.

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

фото инстаграм/Мерт Рамазан Демир

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button