Реклама
Наши ѕвезди

Тијана и во костим за капење не се срами да го покаже ЦЕЛУЛИТОТ – „Тој е МОЈ и нема да филтрирам!“

Познатата пејачка син матурант, а во костим за капење изгледа како тинејџерка

Реклама

Тијана ги изненади сите со своите нови фотографии и многумина се согласни дека никогаш не изгледала поубаво…

Познатата македонска пејачка Тијана Дапчевиќ (47) ги изненади сите со новите фотографии на нејзиниот Инстаграм профил.

Таа ги спакува куферите и замина на море, каде позираше на плажа, а во преден план беше нејзината шик фризура.

Маркетинг

Пејачката која е позната како некој што ги поместува границите, без разлика дали станува збор за музика или мода, овој пат ги изненади сите со својата нова фризура со која изгледаше како тинејџерка.

Маркетинг

Тијана привлече внимание и со фотографиите на кои е во костим за капење, а сите се согласни дека пејачката изгледа одлично.

Имено, Тијана во последните неколку месеци ги воодушевува сите со својот изглед, така што привлекува внимание каде и да се појави.

Впрочем за тоа зборуваат и коментарите под секоја нејзина објава, каде секогаш изгледа како светските топ модели.

Нема проблем да го покаже и целулитот

Тијана и пред две години ги изненади сите со слични фотографии, но тогаш во преден план ги истакна нозете и отворено прозборе за проблемот со кој се соочуваат сите жени на нејзина возраст.

„Јас на море. Сега мојата мајка би кажала: ‘Тијана не можеш да ја почнеш реченицата со ЈАС’, а ЈАС велам дека можам, и можам да се сликам со сé голите нозе, и со сé целулитот бидејќи е МОЈ, и нема да филтрирам, бидејќи секоја бразда на моето тело е МОЈА, и секоја има своја приказна на која сум горда, или како што би кажала мојата пријателка писателка Весна Законовиќ Арезина (кевазакон) САКАЈ СЕ СЕБЕСИ И СЕБЕ НЕКА ТЕ САКА ТЕБЕ“ напиша тогаш Тијана под фотографијата на која позира покрај морето.

Инаку, Тијана повеќе од две децении е во брак со Милан Дапчевиќ со кого го имаат 14-годишниот син Вук.

Нивниот наследник оваа година заврши основно училиште, а фотките од неговата полуматура ги воодушевија фановите на пејачката.

Многумина веднаш забележаа дека Вук е копија на мама и дека пораснал во фраер со кој секоја мајка би се гордеела.

Како изгледа и најголемата гордост на нашата позната пејачка, погледнете во продолжение:

Фото: Инстаграм – Тијана Дапчевиќ, Тамара Дапчевиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button