Реклама
Наши ѕвезди

Тесна трка за следниот круг – гласајте за Билјана од Македонија, нејзината победа зависи од вас!

Билјана е Македонка која по професија е фармацевт и која веќе со години живее и работи во Лондон...

Реклама

Македонката Билјана Зероска се најде во онлајн гласање на Фејсбук заедно со Назиф Муратовиќ во „Никогаш не е доцна“.

Оној што ќе освои повеќе гласови ќе продолжи со натпреварот, а во моментов води Македонката која има 55.9 отсто од гласовите, додека нејзиниот ривал попознат како Лола има 44.1 отсто. Гласањето завршува вечерва на полноќ, па затоа скокнете до Фејсбук страницата на популарното шоу за ветерани „Никогаш не е доцна“ и гласајте за вашиот фаворит (кликнете тука и гласајте).

Инаку, Билјана полна со позитивна енергија се појави во последната емисија и ги воодушеви и жирито и публиката, а во еден момент на сцената и се придружи и Методија, нејзиниот брат, кој е стоматолог по професија, но се занимава и со музика.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Нејзиниот брат се придружи во ревијалниот дел и на клавир ја следеше својата сестра која што ја изведе песната „Странец во ноќта“.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Потсетуваме, Билјана во претходната емисија откри дека се пријавила во шоуто за да ја исполни желбата на својата почината мајка.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

„Тоа беше желба на мојата почината мајка која не ја пропушташе оваа емисија и кога запеав во време на корона со еден хит на Фејсбук таа ми кажа дека ќе ме пријави, но таа потоа почина, замина кај ангелите, па ме пријавија ќерките“, изјави тогаш Билјана и додаде:

„Чувствувам дека е со мене и страшни се емоциите, чувствувам дека ми е поддршка“, изјави тогаш Билјана за „Гранд“.

Во тек е онлајн гласање за Билјана Зероска и Назиф Муратовиќ, а кој од нив ќе помине, зависи само од вашите гласови.

Принтскрин/ Јутјуб, Никогаш не е доцна

Кликнете тука и гласајте за вашиот фаворит…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button