Реклама
Наши ѕвезди

Тања Кочовска проговори за НАЈТЕШКИОТ ПЕРИОД: „Чистев скали и по куќи за да преживеам“

Реклама

Со својата смисла за хумор, одличната глума и талентот успева да освои секој од нас.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Актерката Тања Кочовска долги години опстојува на македонската сцена, од 1994 година е вработена во Театар за деца и младинци-Скопје. Актерката потекнува од музичко семејство. Ќерка е на поранешните членови на групата „Мањифико” Панче и Невена Кочовски.

Со својот сопруг, Предраг Павловски успешно пловат во брачните води веќе 25 години.

Маркетинг

Од првиот брак со актерот Владимир Ендровски Љац, Тања го има 31-годишниот син Александар, а од бракот со Предраг 25-годишната Нела.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Во интервју за „Репортер“, актерката зборуваше за својот приватен живот и откри детали кои малкумина ги знаеја.
Актерката кажа и како се родила љубов меѓу неа и Предраг. На својот единствен, шеговит начин, таа ја опиша нивната врска.

Маркетинг
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

„Со Предраг ние сме колеги од факултет. Тој се забавуваше со една девојка со години. Секогаш излегувавме на исти места и се среќававме. Кога се вработив во Театар за деца, во исто време дојде и Предраг. Кога видов дека одреден дел од персоналот го загледува, па почнав и јас. Но тој не ме забележуваше. Тогаш бев популарна, ама живеев под кирија. Морав сама да се издржувам.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Ем работев, ем чистев по куќи за тие што ми даваа за кирија и ги чистев скалите во зградата и тоа го работев можеби година дена. Јас не се срамам од тоа. Тоа го кажувам отворено.

Една вечер останав во кафеана со Предраг до 5 сабајле. И тогаш ме побара за жена.

Аха, да бе, важи, му викам, ја со дете од друг маж, ти па сигурно за жена ќе ме земаш. Ама ете се зедовме“, искрено одговори раскажа Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

За него вели дека иако ја нервира како вози и пее, сепак е совршен сопруг и татко. Грижлив, внимателен, толерантен, со широка душа.

По повод 25-годишнината од бракот Тања на Фејсбук сподели фотографија со нејзиниот сопруг со која насмеа многумина. На фотографијата таа му мери притисок на Предраг.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

„Вечито ми го крева притисокот, затоа што е многу помирен од мене. Често велам порано сме си се сакале, сме си воделе љубов, а сега си мериме притисок ич око не ни трепнува.

Не е музикален, фалш пее, тоа многу ме нервира. Да знаев порано немаше ни да се земеме можеби“, се пошегува Тања.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

На прашањето како е да се биде во брак со човек кој се занимава со иста професија таа на свој начин повторно одговори.

„Ужас е да се биде во брак со колега. 24 часа со маж или со жена се седи ли?“, запраша актерката, но сепак се надоврза:

„Ние сме си пар којшто си се сака, којшто живее многу убаво. Не дека нема лоши моменти. Меѓутоа сме среќен, задоволен пар, се уште сме здрави и живи, си работиме разговараме за сѐ. Во суштина можат само да ни позавидат“, кажа актерката.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Освен со Предраг, Тања претходно била во брак со актерот Љац, за кој има само пофални зборови.

„Јас со Љац бев најдобра другарка на Академија. Бевме неразделни 4 години, јас, Љац и Кили. Ние случајно го направивме Александар, останав бремена и сакав дете и реков дека ќе го родам. Тетките на мајка ми запнаа свадба. Која свадба, ние знаевме дека ќе се разведеме“, раскажа Тања и додаде дека откако отанала самохрана мајка добивала неверојатно многу помош од нејзините родители.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Тања е доста активна на социјалните мрежи, каде споделува фотографии и од нејзиното семејство, но од работните ангажмани.

Нејзина најпопуларна фотографија е токму кавер фотографијата од Фејсбук на која е во костим за капење, а во раце ја држат четворица мажи.

„Бев сама на одмор во Ријека кај мои пријатели, и кога отидовме на плажа ги сретнав тие згодни момци. Бидејќи во минатото се бавев со пливање и скокови во вода, а тие тоа не го знаеа, се договоривме да одиме на пристаниште и да се натпреваруваме. Кој ќе победи, ќе мора да го дигнеме на раце. Кога победив јас, беа од памет извадени што треба да ме дигнат. Нормално, “храбри” како и сите мажи на крај се сложија да го направат тоа, ама во вода, за да им бидам полесна, хахаха. И сега,треба ли да објаснам зошто кога ја објавив сликата напишав “Животот е прекрасен”, кажа Тања во едно свое интервју.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Таа секогаш гордо зборува за мајчинството и нејзините деца за кои вели дека нема да дозволи никој да ги наруши нивниот однос.

Александар веќе живее сам со својата девојка, а Нела затоа што е студент живее со нејзе и Предраг. Крвта не е вода, па Нела тргна по стапките на своите родители и студира на ФДУ.

За актерката најголема среќа е кога нејзините деца се среќни.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

Вели дека нејзините деца се деца над кои никогаш не бил повишен тонот, но дека се исклучително воспитани. И двајцата ги извлекле најдобрите гени од своите родители.

Она на што е особено горда е што сите во семејството имат пријателски однос и сите проблеми се решаваат со долги разговори.

ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук
ФОТО: Тања Кочовска / Фејсбук

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button