Реклама
Вирално

Таткото слеп заради крофните?! Скандалозна изјава за крофничките на малата Нина ги шокираше сите!

Некои луѓе навистина се бесчувствителни

Реклама

Приказната за малата Нина која во Нови Сад продава крофни за да заработи пари за лекување на својот болен татко го заобиколи регионот.

Нина има 11 години и заврши петто одделение основно училиште и од почетокот на распустот реши на свој начин да му помогне на семејството.

Нејзиниот татко Зоран заради тешко заболување на очите остана без едно око, а сега му е во опасност и другото.

Маркетинг
Фото Фејсбук

Покрај тоа што може потполно да ослепи и животот би можел да му биде загрозен, спасот е лечење во Москва, кое е многу скапо.

Од овие причини малата хероина, Нина Нинковиќ, заедно со својата мајка и баба помага во правење на крофните, но и набавка на намирници, а потоа ги носи на својот импровизиран штанд каде ги продава по цена од 100 динари (околу 50 денари).

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Родољубље

Понекогаш во продажбата на Нина ѝ помагаат и школските другарчиња, а откако приказната се прошири, колони луѓе чекаа ред за да купат од нејзините вкусни крофнички.

Но покрај тоа што нејзините сограѓани ја покажаа хуманоста и семејството успеа да собере пари за лекување, на површината „благодарение“ на темната страна на социјалните мрежи, испливаа и бескрупулозноста на некои поединци.

фото фејсбук

Имено, додека сите ѝ аплаудираа на малата Нина и на жителите на Нови Сад што за кратко време собраа пар за лекување на клиника во Москва, каде Зоран ќе го продолжи своето лекување, па и одлуката на Министерството за здравје на република Србија семејството Нинковиќ да добие комплетна стручна, финансиска и сета останата помош што е потребна, на Фејсбук се појави објава на една Марија од Нови Сад, која само со неколку зборови ги шокираше сите.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Таа во својата објава на социјалната мрежа Фејсбук со наслов „Срамни крофни во Нови Сад“ наведува дена можеби токму крофните, заради „мешавина на токсични состојки“, се причина за болеста на нејзиниот татко.

Нејзината објава ви ја пренесуваме во целост:

Срамни крофни во Нови Сад

„Тажно е колку е ниска свеста за здравјето. Тие крофни – мешавина од неколку токсични состојки – всушност се причина за болеста.

Болеста не го нападна соодветниот господин, туку како и секогаш е последица на погрешен избор во исхраната и животните навики.

Принтскрин/ Фејсбук

Дијагнозата е потребна во смисла на преглед на исхраната и животните навики, а во иста насока треба да оди и ’лечењето’“.

Потоа следуваше можеби и најважниот дел со кој Марина го предизвика револтот на сите оние што беа воодушевени од акцијата на малата Нина.

Принтскрин/ Фејсбук

Имено, таа постави неколку прашања кои побара да бидат одговорени јавно, а кои се однесуваат на болниот татко на Нина.

Принтскрин/ Фејсбук

„Каква е исхраната на споменатиот господин?

Дали јадел крофни?

Дали крофните содржат брашно, шеќер, масло, млеко и сол?“

Принтскрин/ Фејсбук

Оваа жена потоа ја избриша својата објава, но по кратко време повторно се јави со коментар со кој предизвика бурни реакции.

Таа се огласи со зборовите дека „никој не ја разбрал што сакала да каже и дека со спорната објава само сакала да ја подигне свеста на народот“.

Принтскрин/ Фејсбук

Таа на крај ги замоли да ја спојат со семејството на малата Нина за да им даде бесплатни консултации околу здравјето.

Марина и со оваа објава предизвика гнев кај многу луѓе што беа трогнати од приказната за Нина, но и шокирани од бесчувствителноста на оваа жена, па повторно доби голем број критики во кои корисниците на социјалните мрежи не штедеа гради зборови на нејзина сметка.

Принтскрин/ Фејсбук

Како што пишува во нејзината биографија на Фејсбук, Марина се занимава со едукација на луѓето во врска со сирова исхрана.

Фото: Инстаграм/ 381.срб.

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

Фото: Инстаграм/ Ненад Пагонис

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button