Реклама
Наши ѕвезди

Тажна вест – уште еден познат фолк пејач го изгуби животот од КОРОНАВИРУСОТ! Зад себе остави бебе од девет месеци!

Реклама

Никој не може да поверува дека си замина толку млад

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

Вчера, на свои 28 години, животот го изгуби фолк пејачот Срѓан Гајиќ. Тој зад себе остави мал син Андреја и младата сопруга Исидора, која се огласи на неговиот Инстаграм профил и ги објави тажните вести.

На социјалните мрежи веќе два дена пријателите и колегите се простуваат од него.

Маркетинг

Како што пишуваат српските медиуми, младиот пејач животот наводно го изгубил од корона вирус, а неговата колешка и Гранд ѕвезда, Јелена Гербец, која му пееше на свадбата, не може да поверува што се случило.

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

Тие неодамна и настапуваа заедно на еден роденден, па пејачката сосем скршена напиша:

Маркетинг
Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

„Многу, многу ми е жал… Најискрено сочувство до целото семејство… Нека ти е лесна земјата“, напиша таа.

Од него се простија и голем број други ѕвезди.

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

Тој во јавноста беше познат како пејач кој пееше насекаде, а не ретко се случуваше да запее заедно и со пејачите од најгледаното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“.

Но за жал ја изгуби битката од болеста и зад себе ја остави сопругата Исидора со која пред само неколку дена прослави годишнина од бракот, како и синот Андреја кој има нешто повеќе од девет месеци.

Еве што напиша своевремено неговата сопруга за нивната љубов:

„Љубовта е нешто што не може да е објасни со зборови, колку и да се обидуваме да го направиме тоа. Можеби токму затоа јас најмногу сакам кога тој пее или ме гледа додека мисли дека спијам. Спокојот кога ќе се разбудам таму каде што е тој или среќата кога после патување ќе го видам на вратата бакнежот во чело во доцните ноќни часови кога ќе се појави.“

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

„Некои насмевки во минување и довршени реченици кога најмалку се надевате. Можеби и тоа што од првиот ден ме нарекуваше своја, или само така ме сакаше секој пат, повеќе не знам, всушност не мораше никогаш на глас да го изговори тоа, секогаш знаеше да го покаже, а јас да го почувствувам. “

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

„Својот грб знаеше да го подметне без и еден мој збор, просто да препознае кога повеќе немам сила. Да биде тука кога најмногу треба, да молчи и да гледа, со насмевка да ми го обои денот и да ми ја поправи годината. Да биде мирно пристаниште во кое секогаш бегав и сигурно раме на кое секој пат се потпирам. Просто да ме сака, да го сакам… Заради сето тоа што бевме, што сме денес и што ќе станеме јас не можев да замислам подобар татко за својот син, подобар потпирач за нашето семејство и подобар маж за мој маж“ – напиша неговата сопруга на својот Инстаграм профил.

Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм
Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм
Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм
Фото: Срџан Гајиќ/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button