Реклама
Вести

Сѐ укажува дека Данка Илиќ претходниот ден преминала во Романија, а оттаму во Виена

Реклама

Ивана Стевановиќ, директорка на Институтот за криминолошки и социолошки истражувања во врска со исчезнувањето на двегодишната Данка Илиќ во Бањско Поле кај Бор изјави дека тоа што девојчето шест дена не било пронајдено на територијата на Србија по нејзиното исчезнување предизвикува сомнеж дека ја преминала границата

Стевановиќ во врска со пријавата на српски државјанин кој живее во Виена дека видел девојче, кое наводно изгледа како Данка, придружувана од две жени на автобуската станица во центарот на градот, вели дека сега се вклучени и други полициски сили во Европа во случајот и дека на сите гранични премини и аеродроми има жолта потерница од Интерпол за помош во пронаоѓањето на девојчето.

Маркетинг

Маја Јовановиќ, генерален секретар на српското Биро за борба против трговија со луѓе во врска со исчезнувањето на Данка напоменува дека деца на таа возраст многу личат еден на друг. Исто така, децата на таа возраст можат да бидат лути на своите родители и да ги игнорираат.

Значи не е потврдено дека на снимката е девојката Данка Илиќ и во тој случај потрагата мора да продолжи – изјави Јовановиќ.

Маркетинг
фејсбук

Таа прашува како успеале толку брзо да ја поминат границата ако на тоа видео навистина се наоѓа Данка.

– Ако е тоа вистина, дека е Данка, тоа укажува дека родители се во неволја. По исчезнувањето на детето, по 20 минути на лице место била и полицијата од Бор. Сè уште е многу краток период за да се помине границата. Ова укажува дека детето претходниот ден веќе преминало во Романија, од Романија во Виена. Исто така, ако киднапирањето беше поради некаков интерес за пари или трговија со органи, детето немаше да биде однесено на вакво јавно место – изјави Joвановиќ.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button