Реклама
Вести

Струмичанка ја малтертирала 4-годишната ќерка и ја терала на питачење, детето е хоспитализирано

Осомничената наместо да се грижи за девојчето и да го воспитува, таа ја оддала на питачење на студот по улиците.

Реклама

Мајка од Струмица е осомничена за кривично дело запуштање и малтретирање на дете, известуваат  од Основното јавно обвинителство од Струмица.

Отттаму е поднесена Наредба за спроведување истражна постапка против мајка.

Осомничената наместо да се грижи за девојчето и да го воспитува, таа ја оддала на питачење на студот по улиците. На девојчето му се влошила здравствената состојба и од Струмица е пренесена во Детската клиника во Скопје.

Маркетинг

„Осомничената, иако била должна да ја издржува и да се грижи за животот и здравјето на нејзината четиригодишна ќерка, грубо ја запоставила својата родителска должност за грижа и воспитување, ја запуштила и дозволила детето да се оддаде на питачење, што штетно влијаело на неговиот развој, здравје и лична безбедност. Поради тоа настапило тешко нарушување на здравјето на детето, кое во тешка здравствена состојба на 17.1.2024 година било најпрво примено во ЈЗУ Општа болница Струмица, а потоа хоспитализирано на Клиниката за детски болести во Скопје, велат од ОЈО.

Надлежниот јавен обвинител продолжува да постапува и го очекува вештиот наод од Институтот за судска медицина во поглед на причините за настанатите повреди кај девојчето. По барање на јавниот обвинител, Центарот за социјални работи постапи согласно своите надлежности за обезбедување заштита на другите три деца од семејството.

Маркетинг

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button