Реклама
Наши ѕвезди

Спасен Сиљаноски со сопругата Ана во посета на еден од најубавите МАКЕДОНСКИ МАНАСТИРИ во кој се заколнаа на вечна љубов

Реклама

Семејни фотографии полни со љубов

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Спасен Сиљаноски неодамна сподели неколку фотографии со кои го привлече вниманието на своите фанови.

Спасен кој важи за еден од омилените пејачи на народна музика од помладата генерација често објавува семејни фотографии.

Тој пред осум години ја круниса својата љубов со неговата сопруга во кичевскиот манастир Пресвета Богородица Причеста, а неодамна се фотографираа токму на ова место, и тоа со нивните две деца.

Маркетинг

Од фотографиите што Спасен ги објавува на својот профил на Фејсбук можеме да видиме дека најмногу ужива кога е со најблиските, и никогаш не криел дека токму семејството преставува клучен фактор за неговиот успех.

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој е многу приврзан и за својата мајка, Јагода, која најчесто ги пишува текстовите за неговите песни.

Маркетинг
Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Инаку, Спасен важи за еден од омилените фолк-пејачи и на нашинците во дијаспората. Тој неодамна имаше настап во Швајцарија, кога по настапот објави неколку фотографии од прославата на Фејсбук, а на една од нив се гледа како му тешат солзи радосници, па под неа напиша:

„Огромна чест и задоволство е да се пее пред илјадна публика Огромно благодарам на Македонското друштво Пирок од Пајерн-Швајцарија за нивната покана и за нивниот срдечен пречек. Огромно БРАВО за нивната беспрекорна организација. Навистина беше чест и задоволството да се гостува на една ваква манифестација. Уште еднаш благодарам и на сите гости кои беа присутни на нашиот концерт“.

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

„По тоа што го видов се надевам дека сите си поминаа прекрасно. Верувајте во еден момент понесен од атмосферата и од позитивната енергија која што ја почувствував за време на мојот настап, почнаа да ми капат солзи кои не можев да ги запрам… Солзи радосници, Ве сакам“, пишува во коментарот што Спасен го објави заедно со фотографиите.

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Тој со овие фотографии, но и со коментарот предизвика воодушевување кај публиката, што може да се види и од следниот коментар:

„Е море Спасен само да знаеш каква легенда си ти за нас Македонците, и со срце и со душа прав Македонец, во твоето срце е запишано со златни букви Библиска Македонија, господ секогаш го сака оној што знае да си го сака она што е навистина негово, а тоа е наше, нашата прадедова МАКЕДОНИЈА, господ да ти го осветли патот со многу среќна иднина тебе и на твоето ценето семејство, да си здрав и жив вистински Македонец и патриот, господ да е со вас и да ве чува од лошо“, пишува една корисничка на социјалните мрежи.

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Погледнете уште неколку фотографии од нашиот познат пејач…

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Фото: Фејсбук/ Спасен Сиљаноски

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button