Реклама
Наши ѕвезди

Сопругата на Босанац не ја гледаме често во јавноста, а со неа е од ШКОЛСКИТЕ ДЕНОВИ – тие се во брак скоро 45 години

Реклама

Познатиот пејач со својата сопруга е 44 години во брак…

Фото: Инстаграм/ Драган Стојковиќ Босанац

Познатиот пејач и еден од членовите во жирито на „Ѕвездите на Гранд“, Драган Стојковиќ Босанац ужива во складен брак со сопругата Дуња веќе 44 години, а малкумина знаат дека тие се секаат уште од детството.

Босанац и Дуња во нивното родно место одеа во исто основно училиште, но нивниот емотивен однос ќе го започнат за време на гимназиските денови.

Маркетинг

Токму затоа и Босанац многу често знае да истакне дека неговата љубов му е од школските денови.

Фото: Инстаграм/ Драган Стојковиќ Босанац

По завршувањето на средното училиште тој ќе се пресели во Белград, наместо во Сараево, со што ќе ги изненади сите, а не крие дека токму неговата сопруга е главниот виновник за тоа.

Фото: Приватна архива

„Голем дел заради Дуња ги измамив моите родители дека е многу подобро да сум во Белград отколку во Сараево. Таа замина во престолнината да студира, а јас калкулирав да не ја пуштам сама во голем грам“.

Маркетинг
Фото: Приватна архива

„Се оженив среќно 1977 година, на големо изненадување на моите и нејзините родители бидејќи тогаш се уште не ги завршивме студиите. Ни се случи непредвидена ситуација, но секако веќе бевме заедно и тоа беше логичен чекор што бременоста на Дуња само го забрза“.

Фото: Приватна архива

„Тогаш сфатив дека мажите чувствуваат најголема љубов кон жената“, беше искрен тој во емисијата „Од Профилот“.

Фото: Инстаграм/ Драган Стојковиќ Босанац

Не си оди од „Ѕвездите на Гранд“

Инаку, Босанац и оваа година ќе го гледаме во најпопуларното музичко шоу во регионот „Ѕвездите на Гранд“.

Иако медиумите претходно објавија дека пејачот ќе го напушти шоуто, тој се појави на снимањето и ги изненади сите.

Фото: Инстаграм/ Драган Стојковиќ Босанац

„Босанац се мисли долго време, се уште ништо не е дефинитивно, но емисиите се снимаат и по 15 часа, а тоа за него е многу напорно. Неговата жена Дуња го моли да престане со тоа, конечно да се посвети само на себеси и неа, малку да уживаат. За финансиите не треба да се грижиме бидејќи доволно има заработено и сега може да одмора. Пред две години Босанац го оперираше срцето и уште тогаш докторите му кажаа дека не смее да се форсира и што повеќе да одмара“, изјави пред неколку недели за „Свет“ извор близок до пејачот.

Но очигледно дека Босанац нашол заеднички јазик со сопругата, но и со одговорните во „Ѕвездите на Гранд“.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button