Реклама
LIFESTYLEВирално

“Сончеви тетоважи” е новиот опасен тренд кој се шири на социјалните мрежи

Реклама

Бројни бизарни трендови се шират по социјалните мрежи.

Фото: Инстаграм

Маркетинг

Луѓето почнаа да ги избегнуваат кремите за сончање за да добијат одреден облик или мотив сончајќи се.”Сончевите тетоважи” станаа вирален хит . Делот од кожата го покриваат во одреден облик и потоа се соончаат без заштита на кожата, а резултатот го објавуваат на социјалните мрежи.Логото на Бетмен, делфин, одредени зборови, ѕвезди или срца се само дел од “тетоважите” кој се шири со овој опасен тренд.

Сепак, експертите предупредуваат дека сончањето без соодветна заштита може да предизвика одредени несакани дејства , но исто така тоа го удвојува и ризикот од рак на кожата. Витни Боу, дерматолог за DailyMail, откри дека има пациенти во нејзината клиника кои ја прашуваат како на безбеден начин да ја добијат оваа сончева тетоважа. Не постои сигурен начин.Тоа е голема заблуда.

Маркетинг

Децата често прават такви “тетоважи “, што е опасно, бидејќи кога имате таква млада кожа, таа е особено осетлива на ултравиолетовите зраци”, рече таа опишувајќи овој тренд како “ироничен”. Др. Боу објасни дека постојат два типа на сончеви зраци кои ја оштетуваат кожата, УВА и УВБ, и нивната изложеност може да предизвика трајно оштетување на слојот на кожата. Таа исто така предупреди дека секој, особено малите деца и тинејџерите, треба да избегнува какви било трендови кои вклучуваат изгореници на кожата или премногу долго сончање.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button