Реклама
Вирално

Сонцето сепак ќе ја сопре епидемијата – погледнете што му прават на корнавирусот сончевите зраци, за само 90 секунди

Реклама

Американците сметаат дека ширењето на вирусот корона ќе се намали во летните месеци

Сончевата светлина би можела да го уништи вирусот корона за неколку минути, тврди Министерството за внатрешна безбедност на САД.

Маркетинг

Новата студија на американската дирекција на Министерството за внатрешна безбедност (DHS) за наука и технологија покажа дека високата влажност, температурата и сончевата светлина го уништуваат вирусот корона, кој во вид на респираторни капки се задржува на цврсти површини и во воздухот.

„Нашето највпечатливо забележување е моќниот ефект што го има сончевата светлина врз убивањето на вирусот на површини и во воздухот – изјави Бил Брајан, советник за наука и технологија на ДХС.

Маркетинг

„Сме виделе сличен ефект кога ќе дојде до пораст на температурата и влажноста. Овие услови се неповолни за вирусот“ – додаде Брајан.

Резултатите од студијата беа откриени во четвртокот на редовната дневна конференција во Белата куќа.

Вирусот најбрзо ја губи својата моќ во присуство на директна сончева светлина и преживува најдобро во затворени услови, покажа студијата.

На не-порозни површини како што се не’рѓосувачки челик, во мрак и во услови на мала влажност, вирусот губи половина од својата моќ по 18 часа, забележа Брајан.

Во многу влажни услови, неговата моќ се преполовува по шест часа, а изложен на сонце, тоа се случува во рок од две минути, истакна тој.

Научниците забележале сличен ефект и со честичките на корона вирусот што летаат во воздухот, симулирајќи кашлање и кивање.

Во темна просторија, вирусот беше во можност да лебди и да задржи половина од својата моќ половина час, а кога е изложен на сончева светлина, неговата моќ се преполови и тоа во рок од само 90 секунди.

Луѓето треба да вложат максимални напори правилно да ги дезинфицираат областите што не се изложени на директна сончева светлина, особено во затворено, советуваат од Министерството за внатрешна безбедност на САД. „Можам да ви кажам дека избелувачот ќе го убие вирусот за пет минути, а изопропил алкохолот за 30 секунди. Ако го триете тоа место, ќе го уништите вирусот уште побрзо “, рече Брајан.

Министерството за внатрешна безбедност на САД ќе продолжи да следи како вирусот реагира на други средства за дезинфекција.

Инаку само да потсетиме, Светската здравствена организација ги предупредуваше луѓето дека сончевата светлина не го спречува ширењето на вирусот корона. „Изложеноста на сонце или температури над 25 Целзиусови степени не спречува инфекција на вирусот корона. Може да се заразите со Ковид-19, без оглед колку е сончево или топло времето. Земјите каде температурите се високи, пријавија случаи Ковид-19“, пишува на официјалната веб-страница на СЗО.

Несторовиќ беше во право?

Математички модел на шведски и швајцарски научници укажува дека мај, најдоцна јуни, би можел да биде периодот кога епидемијата ќе почне да заминува, вели познатиот доктор Бранимир Несторовиќ, детски пулмолог и алерголог во Универзитетската детска клиника во Белград.

Што се однесува за ситуацијата во соседна Грција, каде што во овој момент имаат сериозна епидемија, со луѓе кои ги изгубиле животите и голем број инфицирани, според овој доктор, епидемијата таму би можела да стивне во истиот период како и кај нас, а можеби и нешто порано заради повисокиот индекс на УВ зраци. Но тој додава дека не треба да се потпираме премногу на никакви прогнози, бидејќи постојат голем број фактори што не можеме да ги контролираме.

Што се однесува до бројката на заболени во текот на оваа епидемија, според Несторовиќ проценките се неблагодарни и не би сакал да прогнозира. Но како што предупредува тој, кога вирусот влегува во фаза на зголемување на бројот на случаи, како што видовме во другите земји, бројот на заболени би можел да расте и двојно во текот на само еден ден. Во Македонија на пример, во епидемијата со заушки од 2009 година, во текот на најголемиот пик беа заразени околу 3500 лица, а потоа епидемијата почна полека да опаѓа.

Што се однесува до свинскиот грип, за кој исто така во 2009 година Светската Здравствена Организација пријави пандемија, имаше вкупно заразени 46.670* со тоа што најмногу заболени има во јануари, февруари и март, додека во април оваа бројка почна да се намалува. Што се однесува до бројот на оние што ги изгубиле животите од грип во 2009 година во Македонија, од кога и се води посебна евиденција за оваа бројка според препораките на СЗО, во нашата земја за време на пандемијата имало 22 потврдени cмpтни случаи.

* Епидемиолошки карактеристики на грипот во Р. Македонија Вело Марковски; Милка Здравковска; Васо Талевски; Дијана Шишкова; Ангела Дебреслиоска Факултет за медицински науки – УГД Штип • Петти конгес н микобиолозите на Македонија со меѓународно учество 28-31 мај, 2014- Охрид – поканет пр.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button