Реклама
Наши ѕвезди

Се утепав дигајќи тегови во теретана, па да не ми биде џабе, вели Ангелов за хуманиот потег што го направи на Водно

Благодарам за убавите зборови особено ако се земе во предвид дека ретко можат да се слушнат, вели генералот

Реклама

Генералот Стојанче Ангелов направи човечки потег за поздрав и  достојно ја оправда својата позиција во Центарот за управување со кризи.

Тој во раните утрински часови самоиницијативно присуствувал на една незгода со цел да помогне.

Маркетинг

Несреќата се случила минатиот четврток, кога младо момче  ја повредило ногата симнувајќи се пешки по козјите патеки на Водно.

За несреќата која што се случила во Скопје обелодени за јавноста  момче чии другари укажувале помош на  повредениот, па му ја раскажале целата ситуација.

Маркетинг

Секој четврток се случуваат  организирани групни искачувања на планината, а горе на врвот Крстовар се одржува забава. Потоа планинарите се враќаат пешки . Во тоа време не работи Жичницата, па посетителите или се симнуваат по асфалтот или по козијте патеки. Како и да е нема осветлување, па потребно е секој самостојно да си свети со рачна ламба или телефон.

Како што знаете, секој четврток вечер на крстот на Водно има журки. При секоја журка во ноќните часови пешки се качува и симнува до крстот, а нормално и логично по патот не е осветлено.
Кога била претпоследната журка на враќање од крстот еден дечко си ја скршил ногата, а во доцните часови Првата помош и ЦУК немале екипа да ја испратат на терен..

Докторка зборувала лично на телефон со Стојанче Ангелов, а во услови на недостаток на екипи тој дошол на козјите патеки на Водно и на раце заедно со мои другари го спасиле дечкото и го пренеле до државна болница.

Момчето кое не ни било присутно на настанот, воодушевен од тоа што му го раскажале другарите , случката ја сподели на социјалните мрежи и нагласи дека сака да го пофали Ангелов за неговата брза и човечка реакција.

Во оваа пригода сакам да го пофалам генералот Стојанче Ангелов и без разлика што и да мислите за него овој потег од негова страна, што запалил кола и дошол во 3 сабајле е за почит. Поддршка, но и апел ЦУК да има екипи во секое време да бидат спремни за интервенција на терен 👏
Со ваквите хумани потези како овој на Стојанче Ангелов сфаќам дека се враќа мојата надеж за човештвото, но се губи надежта во државата која нема дежурни екипи во ноќните часови

Под објавата низа коментари од граѓаните кои упатуваат поздрав за потегот кој го напарвил Стојанче и бројни пофални зборови.

Меѓу коментгарите се огласи и генералот кој срдечно се заблагодари за убавите зборови и во негов стил,  возврати со шеговит кометар.

Благодарам за убавите зборови особено ако се земе во предвид дека ретко можат да се слушнат.
ЦУК НЕМА свои ресурси туку КООРДИНИРА со ресурсите на државата.
Во конкретниот случај за извлекување на повредено лице од една од најстрмните патеки на Водно, ДЗС и МВР имаат обучени тимови за спасување но нивните процедури се спори а овде се работеше за итен случај.
Од друга страна се утепав дигајќи тегови во теретана па да не ми биде џабе толку вежбање ја употребив мојата физичка сила непосредно да помогнам. Бидејки менталната не ми е јака страна. 🙂
Последната реченица ја ставив за да ги нахранам душевно оние кои ме мразат, иако ги нема многу.

Сега откако се завршило добро може да се насмеме!

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button