Реклама
Наши ѕвезди

Се огласи Џамбазов по смртта на Мирко Попов – претажно, најблиските скршени од болка по тажната вест

По кратко боледување почина еден од најпознатите автори и продуценти на македонската електронска музика

Реклама

По неговата смрт се огласи и Игор Џамбазов

Познатиот скопски диџеј и музичар Мирко Попов по кратко боледување почина вчера во својата 51-годишна возраст.

Попов беше еден од пионерите на македонската електронска сцена и еден од најпознатите автори и продуценти на електронската музика.

Маркетинг

Ќе остане запаметен по бројните песни што ги има издадено со „ПМГ Колектив“ (Ние сме од Скопје, Скопјанка, 80-ти), како и по неговите култни емисии во Канал 103, скопско музичко радио во кое што Попов едно време беше главен и одговорен уредник, а кое ќе остави клучен печат во неговиот развој како личност и музичар.

Маркетинг
Фото: Принтскрин/ Инстаграм

По веста за неговата прерана смрт која што непријатно ги изненади сите оние што го познаваа, а ги остави во шок и голема болка неговите најблиски, се огласија и бројни негови колеги и уметници.

Еден од нив е и Игор Џамбазов, кој на својот Инстаграм профил со следниве зборови се збогуваше од познатиот музичар.

„Збогум пријателе. Се дружевме ретко, ама многу, многу квалитетно. Ќе те паметам како еден од најавангардните ликови на Скопје. Понекогаш ќе побараше совет од мене, па ќе ме истепаше на фудбалот на Плејстешан. Почивај спокојно“, го напиша Игор својот последен поздрав до Попов.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

На социјалните мрежи свој последен поздрав до Мирко Попов испрати и колешката на Џамбазов, актерката Весна Петрушевска, како и колегата на Попов, познатиот скопски диџеј Зоки Бејби.

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Фото: Принтскрин/ Инстаграм

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button