Реклама
Кафе муабетНега и здравје

Се огласи познатиот пулмолог: Еве зошто Италијанците масовно умираат од коронавирусот, проблемот е во нивните гени

Реклама

Италија веднаш после Кина е замја со најголем број починати од коронавирус, а пулмологот Бранимир Несторовиќ објаснува зошто слабите италијански гени и лошата опременост на болницитесе виновни за вака поразителната статистика. Докторот истакнува дека Србите и другите Балканци немза потреба за загриженост зошто имаат добра генетика.

Д-р Бранимир Несторовиќ за спрски „Ало“ објаснува дека речиси е сигурен дека во Србија имало заразени од корнавирусот и пред да биде регистриран во Србија.

-Некои во Србија веќе биле заразени од коронавирусот и пред кај нас да се појави тестот за оваа зараза. Меѓутоа, вирусот кај низ поминал како и секој друг – вели Несторовиќ.

Маркетинг

Имено, иако во голем број земји пациентите прилично успешно се борат со коронавирусот, во Италија од почетокот на заразата, забележани се дури 366 смртни случаи.

– Речиси е сигурно дека нешто му е погодна Италија на коронавирусот. Како нивните гени да се посебно слаби и оваа зараза. Треба да се потсетиме дека само пред 100  години Италијанците и од шпанскиот грип умираа седум пати повеќе од останатите, истакнува Несторовиќ и напоменува дека пред два дена за 24часа во Италија дури 133 лица починаа од коронавирусот, додека во земјите кои се граничат со неа, но и со оние многу поголеми од неа, стапката на смртност е далеку помала.

Маркетинг

Соговорникот објаснува деак причина за таквата состојба која владее во Италија можеби треба да се бара и во недостигот на респиратори во тамошните болници.

-Во Ломбардија во која има најмногу заболени има само 800 респиратори, односно вештачки бели дробови, кои се неопходни за функционирање на тешко болните. Италијанците очигледно не биле подготвени за огромен прилив на болни. Меѓутоа како и секаде во светот, во Италија починатите се од популацијата постар од 80 години, вели Несторовиќ.

Белграѓанецот Бранимир Секулоски (28), кој пред 10 години од Нов Белград се пресели во Пјаченца, на северот од Италија, за „Ало“ истакнува дека во ова мало градче владее вистинска паника, откако е прогласена вонредна состојба за околу 16 милиони луѓе.

-Во нашиот регион се заразени 1.180 луѓе, поради што ситуацијата е прилично критична. Забрането ни е да го напуштаме градот, а секојдневно ни советуваат да не излегуваме од куќа ако немаме поголеми потреби. Поради тоа излегуваме од дома само кога мораме да одиме во продавница, кои, фала Богу, сега се повторно снабдени. Загрижен сум поради ќерката и сопругата која за недела дена треба да се породи. Меѓутоа се трудиме да бидеме позитивни и се надеваме дека сето ова наскоро ќе заврши, вели Секулоски за „Ало“.

Пулмологот професор д-р Бранимир Несторовиќ истакнува за „Ало“ дека фактите говорат дека коронавирусот не ги напаѓа Африканците, ниту децата.

-Африканците речиси и не заболуваат, како ниту децата. Како што сега стојат работите, постојат одредени светски „џепови“ на заразата. Тоа се Италија, Иран, Кина и Јужна Кореја во кои во прашање е сериозна епидемија, додека во остатокот од светот вирусот минува како и секој обичен грип, наведува д-р Несторовиќ.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button