Реклама
Наши ѕвезди

Свој меѓу своите: Пејачот Зоран Ванев се врати во родната Македонија, ќе се изненадите со кого се сретна

После долги години, популарниот македонски пејач се врати во родната земја.

Реклама

Фановите се воодушевија од најновите фотографии од пејачот Зоран Ванев споделение на Фејсбук.

„Ангела Ангела“, „Јужна пруга“, „Лила“, „Моника“ се песните кои ги испеа Зоран Ванев, а кои до ден денес се големи хитови и ги пеат новите генерации, но се помалку го знаат пејачот кој ги изведува.

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

Својата кариера ја започна кон крајот на 90-те и ги испеа хитовите без кои не може да помине ниту една веселба во земјава.

Маркетинг

Иако беше доста успешен во кариерата тука, одлучи да издаде албум и за српскиот пазар, со кој оствари голем успех.

Маркетинг
ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

Но, и покрај големите успеси, Зоран си ги спакува куферите и замина од овие простори.

Својата кариера ја стави во мирување и започна да се занимава со нешто сосема поразлично.

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

Тој е првиот Македонец во Швајцарија кој има титула доктор за природна медицина од „Парацелсус Академијата“ која е призната на државно ниво на сите установи како во Швајцарија, така и во другите европски држави. Неговата клиника се наоѓа на самата железничка станица Шлирен во Цирих и во неа се третираат најразлични болести.

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

После дого време, Ванев реши повторно музички да се активира и започна со настапи во дијаспората.

Сега ги израдува своите фанови откако соопшти дека е во Македонија.

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

Заедно со својот колега Благоја Грујовски се сретнаа во Маврово и средбата ја овековечија со фотографии.

„Нема предавање ни застој“, напиша Благоја во опис на фотографиите.

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

ФОТО: Фејсбук / Зоран Ванев

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button