Реклама
Наши ѕвезди

Својата најголема болка и тешка загуба ја преточи во најубави стихови: Зад баладата на Ерик Клептон се крие трагична приказна

Реклама

„Дали ќе го знаеш моето име ако те сретнам во рајот? Дали би било исто, ако те сретнам во рајот..? Ова се зборовите на една од најпознатите балади на светот зад која стои најтажна животна приказна и настан од кој се леди срцето.

Веројатно не постои личност која барем еднаш не ја слушнала баладата „Tears in Heaven” (Солзи во рајот). Емотивна балада која ја знае речиси цел свет, а славниот музичар ја објави во 1991 година.

Маркетинг

Песната преку ноќ стана планетарно популарна, а се најде меѓу Топ 10 најслушаните во дури 20 земји. Освои Греми награда за песна на годината и албум на годината, како и за најдобар машки изведувач. Би рекле одлично, зарем не? Сон на секој музички автор и композитор, но тоа за него не беше случај. Зошто зад „Солзи во рајот“, крие тага и несреќа која е најлош кошмар и исконстри страв на секој родител.

Маркетинг

Иако доживеа интернационален успех, како и на многу други балади, „Солзи“ влијаеше на тажниот настан од животот на авторот. За Клептон оваа песна всушност е начин зад себе да ја исфрли сета болка и страдање кое го чувствуваше по трагичната смрт на својот четиригодишен син Конор.

Песната која опишува длабока и ненадоместива загуба, тешка болка и неопислив раздор во душата на родители кои го изгубиле она најважното во животот – дете, добива сосема нова димензија кога ја слушате песната и знаете кому му е посветена.
Тоа трагично утро, на 20. март 1991 година Конор си играл во станот во кој живеел со својата мајка, италијанската актерка Лори дел Санто. Детето паднало од 53. кат на облакодерот, низ прозорецот кој случајно бил отворен по работите кои мајстори претходно ги изведувале. Ерик Клептон во тој момент бил во хотел на стотина метри подолу, планирајќи да го земе Конор и да го однесе во зоолошка градина во Централ Парк.

– Кога го примив повикот се спремав да ја напуштам хотелската соба и да одам по него, да го однесам на ручек и во зоолошка градина. Од другата страна на линијата била Лори и била хистерична. Повторувала „тој е мртов, тој е мртов“, а јас не можев да поверувам во тоа, изјави Клептон во 1992 година, во интервју за Бритиш Џрнал.

Музичарот додаде дека тој момент кога ја примил веста се затворил како школка. Во таа состојба на избезбеуменост, се сеќава дека потрчал од хотелот кон станот каде го затекнал амбулантното возило и пожарникарите. Кога влегол во станот ги затекнал припадниците на службата за прва помо и се сеќава на чувството како сето тоа да му се случува нему.

– Имав чувство тој момент како да сум влегол во нечиј туѓ живот и дене денеска се чувствувам така.

На погребот на Конор, на кој приствувале и Лори и Ерик одржан е два дена подоцна во Рипли во СНглија, а само неколку дена пред 46. роденден на славниот уметник.
Музичарот ја опишал врската со својот син како многу блиска, каква што никогаш во живот не остварил со никого до тогаш. На Конор му ја припиша заслугата што одлучила засекогаш да го остави алкохолот и да остане трезен.

Клептон до крајот на 70-тите успеал да се ослободи од зависноста од хероин, но хероинот го заменил со кокаин и алкохол. Токму раѓањето на Конор во 1986 година, пејачот го охрабрило да се тргне од дрогата и алкохолот и да биде најдобра можна верзија од себе за својот син – што и му успеало.

– Навистина тоа го направив за Конор. Зошто без оглед на тоа каков човек сум, увидов дека таков не можам да застанам пред моето дете. Не можев да ја поднесам идејата Конор да порасне доволно и да формира слика за мене како за човекот кој бев, напиша Клептон во своите мемоари „Клептон: Автобиографија“, од 2007 година.

И покрај трагедијата која му се случи, Клептон во чест на својот син остана чист, и не се врати на старите навики, иако се бореше со длабока тага и депресија.

Исто така, смртта на Конор го наведе да оствари поблиски врски со својата ќерка Рут Кели Клептон, која е родена само година дена пред Конор, а ја добил во една од претходните врски.

– Беше доволно да се воспостави однос со Кели и да бидам повторно во друштво на дете, раскажува пејачот во своите мемоари.

– Сега кога се навраќам, сфаќам колку длабоко влијание имаше Кели на тоа да останам на нозе, да бидам добро и да пребродам се што се случи. Нејзиното присуство во мојот живот беше пресудно за моето опоравување, се зборовите со кои славниот музичар го опиша односто со ќерката, по смртта на синот.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button