Реклама
Наши ѕвезди

Само најблиските знаеја дека сопругата на Џон Траволта се бори со рак – нејзината последна порака го расплака целиот свет

Реклама

Нивната неверојатна љубовна приказна ја прекина голема трагедија

Фото: Инстаграм/ Кели Престон

Тоа што сопругата на славниот актер Џон Траволта, 57-годишната Кели Престон, ја изгуби битката од тешката болест ја остави светската јавност во шок, посебно затоа што само неколку луѓе кои беа најблиски до неа знаеја за болеста со која се бореше последните две години.

Тие две години, и оние многу пред нив, Кели живееше во среќен брак со Џон и нивните деца, а тоа колку ги сакаше таа често знаеше да го сподели и преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Нејзиниот последен пост на Инстаграм е од јуни годинава, кога објави семејна фотографија по повод Денот на татковците.

Фото: Инстаграм/ Кели Престон

„Среќен ден на татковците на најдобриот татко што го познавам, те сакаме“ – напиша Кели покрај фотографијата на која се смешка со Џон, 20-годишната ќерка Ела и 9-годишниот син Бенџамин, а таа објави и фотографија со нејзиниот син Џет, кој го изгуби животот во 2009 година на Бахамите, откако падна во када и ја удри главата како резултат на напад. Имено, Џет беше аутистичен и имал напади од најрана возраст.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Кели Престон

Колку го сакаше својот сопруг дури и по 29 години брак, сведочи со објавата што му ја посвети минатата година, на годишнината од нивниот брак.

„Мојот најмил Џон, најпрекрасниот човек што го познавам. Ми даде надеж кога бев изгубена, стрпливо ме сакаше и безусловно. Ме натера да се смеам повеќе од кое било друго човечко суштество. Ти си татко од соништата и го правиш животот толку интересен. Верувам во мојата љубов кон тебе. Знам дека ќе бидам добро со тебе, без разлика што ќе се случи. Те сакам засекогаш и целосно. Среќна ти 28-годишнина брак“ – напиша тогаш сопругата на познатиот актер.

Фото: Инстаграм/ Кели Престон

Кели Престон животот го изгуби на 57 години од paк на дoјка.

„Со голема болка ве известувам дека мојата сопруга Кели го изгуби животот по две години борба со рак на дојката. Се бореше со храбро срце и со поддршка од многумина“, напиша Џон на својот профил на Инстаграм.

Фото: Инстаграм/ Кели Престон

Тие беа во брак 29 години, имаат две деца, а нивниот син Џет го изгуби животот на 16 годишна возраст.

Фото: Инстаграм/ Кели Престон
Фото: Инстаграм/ Кели Престон
Фото: Инстаграм/ Кели Престон
Фото: Инстаграм/ Кели Престон
Фото: Инстаграм/ Кели Престон
Фото: Инстаграм/ Кели Престон

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button