Реклама
Вирално

Реагираше Бил Гејтс и ги објави овие факти за короната: За неговото предупредување допрва ќе се зборува

Реклама

Долгото чекање на резултатите кај повеќето тестирања од коровирусот во САД се чини потполно бесмислено и промашено, изјави Бил Гејтс за телевизијата Си Ен Би Си.


– Повеќето тестирања на коронавирусот во САД се потполно бесмислени, зошто луѓето долго мора да ги чекаат резултатите, истакна американскиот милијардер и филантроп. На повеќето резултати се чека и подолго од 48 часа, а таквото тестирање е целосно промашено, смета Гејтс.

Американскиот претседател го истакна зголемувањето на обемот на тестирање на коронавирусот во САД, на кое, како што вели Трамп, светот може да позавиди.

Маркетинг

Mеѓутоа, времето кое е потребно да помине до моментот на добивање на резултатите премногу е долго за да биде од помош во запирањето на ширењето на коронавирусот, наведувa Си Ен Би Си.

Маркетинг

Лабораториите ширум земјата заостануваат во издавањето на резултати од тестовите на коронавирусот поради порастот на бројот на заболени. Многу пациенти на резултатите чекаат и неколку дена до една недела, соопштено е од два најголеми лабораториско дијагностички компании во САД.

Просечното време на чекање на резултатите од тестовите е над два дена и за пацентите со најголем приоритет, изјавија од компанијата Квест Дајагностикс, кај кои сите останати чекаат резултати и по 7 дена.

Бил Гејтс истакнува дека тестовите чии резултати ги чекаат повеќе од три дена, некогаш и до седум, не траба да чинат ниту долар.

„Тоа е лудо“, рече тој.

Основачот на Мајкрософт истакнува дека е потребно да се направат приоритети и дека припадниците на сиромашните слоеви на општеството кои се под најголем ризик резултатите треба да ги добиваат во рок од 24 часа.

Неадекватното тестирање на коронавирусот ги осуети напорите да се спречи ширењето на заразатите во земјата уште од кога е забележан првиот случај во јануари. Обемот на тестирање во меѓувреме е проширен на 738.585 тестови на ден, колку што изнесуваше во јули, според анкетата спроведена од Си Ен Би Си, значително повеќе од април. кога таа бројка изнесуваше 174.000. Сепак, проблемот на чекување на резултатите и натаму спречува тестирањето да го оствари својот полн ефект.

Надлежните институции упорно го бранат тестирањето во земјата. Од министерството за здравство наведуваат дека просечното време на чекање на резултатите е нешто над 4 дена за ПЦР тестови, како и дека постојат брзи тестови кои можат да дадат резултати за само неколку минути, но не се секогаш сигурни.

Во САД од почетокот на пандемијата од коронавирус се заразени околу 4,5 милиони луѓе, а како последица на болеста ковид-19 животот го загубија над 150.000 лица.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button