Реклама
Наши ѕвезди

Пред неколку години немаше скршен денар во џебот, а сега е една од најголемите „Гранд ѕвезди“ – успеа за инает на Карлеуша!

Реклама

Познатата пејачка Александра Младеновиќ зборуваше искрено за почетокот на својата кариера

Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

Александра денес може да се пофали со својот албум, но и скап автомобил и стан во центарот на Белград. Но малкумина знаат дека нејзиниот пат до ѕвезденото небо беше трновит.

Имено, како што самата изјави во интервју за српскиот весник Курир, таа во Белград дошла без скршен денар во џебот.

Маркетинг

„Навистина ми беше тешко. На секое снимање доаѓав со автобус, одвај успевав да заштедам да купам билет. Се сеќавам, кога изнајмив стан во Белград, имав во себе само 400 евра. Брзо останав без пари и само чекав да дојде викенд и да одам некаде да работам и да пеам“, вели фолкерката.

„Живеев на леб и ајвар кој мајка ми ми го праќаше од село. Постојан размислував дека треба да почнам да работам бидејќи ми требаа пари за фризер, шминкер, фустан, а јас немав скршен денар“ додаде таа во своето интервју.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

Таа исто така вели дека никогаш нема да заборави тоа што пред неколку години и го кажала Карлеуша. Имено, младата ѕвезда додека се натпреваруваше во „Ѕвездите на Гранд“ доби критики од Карлеуша дека ќе биде кафеанска пејачка. Имено, Карлеуша на почетокот на натпреварот ја фалеше, но подоцна почна да и пречи тоа што Александра ги пееше песните на Цеца.

Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

„Кога ме навреди пред камерите, решив да и докажам дека ќе успеам“, вели Александра во своето интервју.

И таа не само што успеа, туку денес е една од најпознатите пејачки од помладата генерација. Таа пееше и на гламурозната свадба на Вељко и Богдана Ражнатовиќ, а се шушкаше дека само за оваа тезга заработила преку 10.000 евра.

Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

Таа не сакаше да открие за колкав хонорар настапила, но и колку пари заработила од бакшишот.

Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ
Фото: Инстаграм/ Александра Младеновиќ

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button