Реклама
Наши ѕвезди

По операцијата на карциномот потполно се промени – погледнете каков ѕвер вози сега Зоки Фаци

Иако материјалното повеќе не му е важно, на познатиот водител и новинар во последно време очигледно му оди одлично на деловен план што може да се заклучи и од неговите објави на социјалните мрежи....

Реклама

Дури и стајлингот му одговараше со автомобилот

Познатиот водител Зоран Василевски попознат како Зоки Фаци во последно време ниже се поголеми успеси на деловен план.

Но тој не го крие ни својот приватен живот од очите на јавноста, а сега покажа како ужива во неговиот нов автомобил.

Маркетинг

Имено, водителот кој во последно време е актуелен со подкастот што го води со јутуберот Стефан Лазаров, неодамна се почесто со нов автомобил, а сега беше снимен како дотеран во брендови од глава до пети влегува и заминува некаде.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки и неодамна се фотографираше во близина на автомобилот, не криејќи дека ужива кога се вози со него низ градот.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

Секако дека сите веднаш ја забележаа „бесната“ машина што ја вози, за која сите велат дека прилега на неговиот имиџ.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

„Не правам зло и многу се променив“

Потсетуваме, Зоки пред неколку месеци имаше операција, по која како што самиот вели, решил да сврти нова страница во животот.

„Кога дознав за канцерот, прв пат.. откако ми го открија, буквално живеам турбо, од денес за утре, не ми се веруваше ни дека ќе дочекам Нова година“, изјави неодамна Зоки во емисијата на Жаре Барбер зборувајќи искрено за најтешкиот период од неговиот живот.

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

„Живеам турбо, не правам зло и многу се променив карактерно. Почнав да ја читам Библијата, го читам Куранот, се повеќе сум дома, се затворив себеси во некој убав круг што не мора да се објаснувам кај сум, што сум, зошто сум, зошто го живеам овој живот, вака или така….“

Фото: Инстаграм/ Зоки Фаци

„Едноставно Онкологија или Државна болница каде што лежев, еве да си го поздравам и докторот што ме оперираше, докторот Џонов и неговиот тим, тогаш сфатив дека ние живееме во некоја илузија. Дека ќе живееме вечно, дека јас морам да возам Бентли, или Ферари, или да имам стан од 200 квадрати.. Не, ништо од тоа не е вредно! Само здравје“, изјави Зоки како гостин во емисијата на Жаре Бербер.

Повеќе за ова прочитајте тука

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button