Реклама
Наши ѕвезди

Новинарот Зоки Фаци искрено за тешката болест: „Не ми се веруваше дека ќе дочекам Нова година (видео)

Ние живееме во некоја илузија, дека ќе живееме вечно...

Реклама

Новинарот денес претставува инспирација за сите оние што исто така се борат со тешката болест и поминуваат низ истиот период.

Познатиот новинар Зоран Василевски, попознат како Зоки Фаци, поминува низ тежок период од животот откако откри дека е болен.

На него му беше дијагностициран рак, а по операцијата во октомври минатата година тој се огласи преку социјалните мрежи.

Маркетинг

Принтскрин/ Јутјуб, Галама

Зоки тогаш отворено зборуваше за сето она низ што поминуваше надевајќи се дека карциномот нема повторно да му се врати.

Маркетинг

Новинарот сега, како гостин во емисијата „Галама“ на Жаре Бербер повторно се потсети на овој период од животот, откривајќи дека болеста предизвикала големи промени во неговиот живот.

Имено, тој денес живее турбо, како што самиот вели, не прави зло и заради болеста многу карактерно се променил.

Инстаграм/ Зоки Фаци

„Кога дознав за канцерот, прв пат.. откако ми го открија, буквално живеам турбо, од денес за утре, не ми се веруваше ни дека ќе дочекам Нова година“, започна Зоки искрено да зборува за овој период од животот, па продолжи:

„Живеам турбо, не правам зло и многу се променив карактерно. Почнав да ја читам Библијата, го читам Куранот, се повеќе сум дома, се затворив себеси во некој убав круг што не мора да се објаснувам кај сум, што сум, зошто сум, зошто го живеам овој живот, вака или така….“

Инстаграм/ Зоки Фаци

Зоки зборуваше отворено за тешката болест

„Едноставно Онкологија или Државна болница каде што лежев, еве да си го поздравам и докторот што ме оперираше, докторот Џонов и неговиот тим, тогаш сфатив дека ние живееме во некоја илузија. Дека ќе живееме вечно, дека јас морам да возам Бентли, или Ферари, или да имам стан од 200 квадрати.. Не, ништо од тоа не е вредно! Само здравје“, изјави Зоки како гостин во емисијата на жаре Бербер.

Целото интервју погледнете го во продолжение…

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button