Реклама
CelebrityВирално

По дваесет години Викторија за прв пат прозборе за аферата на Дејвид Бекам: Бракот ни се распаѓаше, не знаев како ќе преживеам уште еден ден

Ја изневери со личната асистентка...

Реклама

Веќе неколку дена во медиумите главна тема е документарецот на Нетфликс за животот на Дејвид Бекам.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Имено целиот “прљав веш” излезе на виделина а јавноста дозна детали кои се криеја речиси дваесет години.

Маркетинг

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Одредени афери кои семејството се обиде да ги заборави сега повторно станаа актуелни.

Маркетинг

Викторија Бекам веројатно никогаш не била поискрена во јавноста од последното појавување во кое зборуваше за тема која долго време сакаше да ја заборави – прељубата на нејзиниот сопруг Дејвид Бекам.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Поранешниот фудбалер ја изневерил сопругата во 2003 година со личната асистентка Ребека Лос, а неговата афера имала големо влијание врз нивниот брак.

Поранешната спајсица, сега успешна модна дизајнерка, проговори за вонбрачната врска на Дејвид, која се случи кога фудбалерот настапуваше за Реал Мадрид. Искрено признала дека месеците потоа биле најлошите во нејзиниот живот.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Во дел од документарецот, Викторија вели:

„Тоа беше најтешкиот период за нас, имав чувство дека светот заговараше против нас. Бевме еден против друг… До Мадрид се чинеше дека не ни е добро, но бевме заедно – бевме поврзани и се имавме еден со друг. Сè се распадна во Шпанија“.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Викторија потоа додала дека често се чувствувала изолирана, дури и од нејзиниот сопруг, а потоа тој, борејќи се да ги најде вистинските зборови, ја опишала нивната брачна криза.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

„Секој нов ден, секое ново будење, сфаќавме дека нешто не е во ред… И двајцата тогаш не чувствувавме дека се губиме еден со друг, туку како да се давиме“. Се чувствував физички мизерно секое утро кога ги отворав очите и не знаев како ќе преживеам уште еден ден“.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Да потсетиме, кога Бекам потпиша за Реал Мадрид, Викторија остана во Лондон со синовите Бруклин и Ромео за да не мора да ги преселува и да им обезбеди чувство на дом и стабилност.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Но,поради разделбата Бекам се чувствувал осамено, а утеха нашол во својата лична асистентка.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Неговата афера многу ја потресе нивната брачна среќа, по што Викторија со синовите се преселила во Мадрид, нашле куќа во која сите живееле извесен период, а таму се родил и нивниот трет син Круз, по што се некако се вратило во нормала.

фото инстаграм/Дејвид Бекам

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button