Реклама
Вирално

Почнува вакцинацијата кај северниот сосед од први октомври: Еве кој задолжително мора да ја прими

Реклама

Наскоро почнува октомври, а граѓаните освен од коронавирусот исплашени се од неговиот судар со сезонскиот грип кој се очекува во овој период. Во Македонија се уште нема најава за вакцинација против сезонскиот грип.

grip 2

Вакцинацијата против грип во Србија е најавена за 1. октомври и тогаш ќе започне.

Маркетинг

– Сите заинтересирани кои ќе сакаат да се вакцинираат можат да се јават во здравствените домови кај своите матични лекари за да ги добијат потребните инструкции околу имунизацијата. Обезбедни се околу 400.000 дози во овој момент.

Голем број луѓе се јавуаат и распрашуваат дали ќе има доволно вакцини за сите потреби на населението, велат српските власти.

Маркетинг

Според Правилникот за задолжителна имунизација постои група на луѓе кои се во посебен ризик од развивање на тешка клиничка слика и тука се пред се хроничните болни, лицата постари од 65 години, лицата во геронтолошките и центрите за социјална заштита, како и бремените задолжително е да се вакцинираат, посочуваат тие.

Најдобар начин да се спречи инфекцијата со грип е вакцинацијата. Со оглед на тоа што вирусите на грип се менуваат, потребно е да се прими вакцината секоја година за да се остане во чекор со циркулирачките вируси. На северната хемисфера, пикот на сезоната на грип е обично во есен и зима, а со тоа, октомври е оптимално време да се прими вакцината и да се отпочне со кампањата.

Кампањата има за цел зголемување на опфатот на вакцинација против сезонски грип меѓу ризичните групи. Некои луѓе, како што се постарите лица, бремените жени, децата и лицата со постоечки здравствени проблеми се изложени на поголем ризик од сериозни компликации од грип.

Здравствените работници се повеќе изложени на различни вируси секојдневно, вклучувајќи го и вирусот на грип.

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button