Реклама
Вирално

Поранешниот претседател д-р Ѓорѓе Иванов „фатен“ во друштво со Шерон Стоун?! Ќе се изненадите…

Познатата актерка се појави на Фејсбук профилот на поранешниот претседател на Македонија

Реклама

Иванов и Шерон Стоун?

Сега и нашиот поранешен претседател знае како му било на Мајкл Даглас покрај една од најпосакуваните жени на светот.

Имено, поранешниот претседател на Македонија, д-р Ѓорѓе Иванов, деновиве беше гостин на Светскиот форум за демократија, каде рамо до рамо се фотографираше со Шерон Стоун, актерката која се прослави со филмот „Основен инстинкт“ со Мајкл Даглас.

Маркетинг

Македонската Шерон Стоун фит и во седмата деценија >>

Маркетинг
Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

Иванов на Светскиот форум за демократија во Берлин се сретна со голем број политичари

Настанот се одржа од 18-ти до 20 февруари, а на истиот покрај поранешните претседатели учествуваа и истакнати светски актери, уметници и активисти, меѓу кои најпозната беше холивудската актерка.

Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

Иванов на својот профил на Фејсбук објави неколку фотографии од настанот, а на една од нив позира заедно со познатата холивудска актерка. Тој се сретна и со Министерката за надворешни работи на Германија, Аналена Бербок, а на панелот „Границата меѓу самоопределувањето и сепаратизмот“ зборуваше за правото на самоопределување како право на народите да создадат своја независна држава, претставувајќи го македонското искуство.

Фејсбук/ Ѓорѓе Иванов

Потсетуваме, Шерон Стоун пред неколку години беше во центарот на вниманието меѓу политичарите на Балканот откако портпаролката на Министерството за надворешни работи на Русија, Марија Захарова, го спореди претседателот Александар Вучиќ со неа.

Имено, таа тогаш на својот Фејсбук објави фотографија од средбата на Вучиќ со тогашниот претседател Доналд Трамп во Белата куќа и ја спореди со една од најпознатите сцени од „Основен инстинкт“ во која актерката Шерон Стоун ги прекрстува нозете.

„Ако сте поканети во Белата куќа, а столчето е поставено како да ве испрашуваат, седнете како н фотографијата број два, кој и да сте. Верувајте ми“, напиша тогаш Захарова.

Принтскрин/ Основен инстинкт

Принтскрин/ Основен инстинкт

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button