Реклама
Вирално

Поради оваа фотографија гореше интернетот – многумина ги осудуваа и навредуваа, но дали гледате нешто непријатно тука?

Реклама

Една фотографија на Фејсбук беше доволна да ја стават Аманда Бејкон на столбот на срамот, но од друга страна и да ја глорификуваат и да и честитаат на храброста да ги покаже работите онака како што навистина се.

Имено, оваа млада мама од Северна Каролина на својот профил на Фејсбук објави фотографија на која го покажа постпородилниот период без цензура – покрај сите убави моменти поради доаѓањето на бебето на свет, има тука и стрес и многу други не така бајковити работи.

Маркетинг

Аманда објави фотографија од својот свршеник Кен Хардиј како во прегратки го држи штотуку родениот син Пирсон, а во кадарот е таа – свртена со грби во џиновски пелени за возрасни (пелените се популарен назив за ова, всушност во прашање е материјал кој придржува пелена.)

Ја споделувам оваа фотографија бидејќи е реална. Ова е мајчинство – сурово, шокантно, неуредно и смешно, но сé во едно – напиша таа, споменувајќи дека знае дека на некои луѓе ќе им биде непријатно од оваа фотографија. Таа укажа и на постпородилниот период за кој исто така ретко се зборува, а претставува потполно природна работа.

Маркетинг


„На некои луѓе ова нема да им биде пријатно, затоа што за тоа никој не зборува. Треба сите да се едуцираме и да ги прифатиме сите аспекти од породувањето, вклучувајќи ги и таквите моменти. Зошто да се срамиме од нешто што е природно? Сфатив дека оваа слика е толку смешна и искрена и дека може да каже повеќе од 1000 збора. Можеби на другите жени ќе им покаже дека тоа е нормално, убаво и дека можете да пронајдете хумор во сé“, заклучи оваа храбра мама.

Извор: huffingtonpost.com

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button