Реклама
Наши ѕвезди

Познатиот холивудски актер ќе стане татко во осмата деценија

Реклама

Познатиот актер следната година повторно ќе стане татко

Фото: Инстаграм/ Hello_ru

Светските медиуми ги објавија гласините дека познатиот холивудски актер Ричард Гир (70) и неговата скоро двојно помлада сопруга Александра Силва (36) наскоро повторно ќе се остварат во улога на родители.

Наводно убавата Шпанка повторно е во блажена состојба, а бебето би требало да се роди на пролет 2020.

Маркетинг

Да се потсетиме, ова не му е прв брак на познатиот холивудски шармер. Тој претходно беше во брак со познатата манекенка Синди Крафорд и актерката Кери Лоуел, со која има и син Хомер Џејмс.

Фото: Инстаграм/ Hello_ru

И неговата сопруга, Александра, пред да се запознаат беше во брак. Таа со него се запозна додека се разведуваше од бизнисменот Говинд Фридланд со кој го има седумгодишниот син Алберт.

Маркетинг

Алексанфра и Гир решија да застанаат на лудиот камен во Шпанија, во 2018 година, по четири години врска.

Фото: Инстаграм/ Hello_ru

Александра во февруари оваа година роди син. Тоа е нивно прво заедничко дете.

Парот овие гласини се уште ги нема потврдено, но Александра кога ја прашаа новинарите не ги ни демантираше.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button