Реклама
Новости

Познатата пејачка од „Ѕвездите на Гранд“ ужива покрај Охридското Езеро – на плажа, со коктел во рацете

Еве што прави и како изгледа трансродовата пејачка по учеството во „Ѕвездите на Гранд“

Реклама

Трансродовата пејачка Алина Јухарт од Марибор не крие дека учеството во „Ѕвездите на Гранд“ и го променило животот.

Алина пред самото полуфинале испадна од натпреварот, а сега прв пат отворено зборуваше за она што и се случува во животот.

„Пресреќна сум што бев дел од толку прекрасна приказна и затоа нема простор за разочарување, посебно кога веруваш дека за сé секогаш постои причина“, изјави таа на почетокот од своето последно интервју за „Гранд.онлајн“, а потоа откри колку и дали навистина и се променил животот по учеството во музичкото шоу „Ѕвездите на Гранд“.

Маркетинг

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

„Искрено, да! како прво во мене се промени доста работи, а и искуството што го имав во натпреварот ми го промени животот на повеќе нивоа. Најпрво во приватниот , каде себеси навистина се поставив како жена и каде сега сите ме викаат Алина и тоа е нешто за што не бев свесна колку ми е важно. А второ е дека деловно добивам прекрасни понуди за различни сегменти од уметноста и тоа навистина ме радува“, истакна Алина во интервјуто за „Гранд онлајн“.

Маркетинг

„Искрено, ниту еден непријатен коментар не добив, ниту пак имав непријатни ситуации. Знам дека ги имаше за време на натпреварот, но кон мене лично ниту еден не беше упатен или не допрел до мене“, заклучи Алина во ова свое интервју.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Инаку, Алина пред неколку дена беше во посета на Македонија, а на својот Инстаграм објави фотографии од Скопје и Охрид.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Патот до ѕвездите

Таа со својата појава предизвика големо внимание кога прв пат се појави на грандиозната сцена во „Ѕвездите на Гранд“.

Алина беше во тимот на Светлана Цеца Ражнатовиќ, но не успеа да стигне до самото финале, што не беше преголемо разочарување за неа.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

„Јас на сите сум им благодарна за ова прекрасно искуство, мојата порака отсекогаш била и засекогаш ќе биде љубов. И одиме понатаму, да шириме љубов. Ви благодарам на сте“, изјави тогаш Алина и на сите членови на жирито им испрати срце, иако само Вики гласаше за неа.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Таа е родена како маж, Алино Јухарт, а во популарното талент-шоу се појави, како што самата вели, за да си ја проба среќата.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Таа веднаш им го привлече вниманието на сите, повеќе со својата појава отколку со својот глас, и како што самата изјави по својот прв настап, се пријавила за публиката да запознае жена како неа.

„Јас сум само една нормална личност која има желба да сака, да биде сакана и да биде среќна како и сите ние. Сакам да инспирирам секого да го живее својот живот и својата животна вистина“.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

„И ве обожавам сите вас, не можам да поверувам дека сум тука“, истакна Алина тогаш и доби громогласен аплауз.

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Како оваа млада дама изгледаше на сцената во „Ѕвездите на Гранд“, потсетете се во продолжение:

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Принтскрин/ Јутјуб, Ѕвездите на Гранд

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Фото: Инстаграм/ Алина Јухарт

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button