Реклама
Наши ѕвезди

Пејачка од Македонија направи хаoc во „Ѕвездите на Гранд“ – сите ИЗНЕНАДЕНИ од нејзиниот потег, ова никој не го очекуваше!

Реклама

Големо БРАВО за оваа млада девојка!

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Македонката Валери Димовска оваа сабота настапи прва во „Ѕвездите на Гранд“ и ги воодушеви сите.

Шармантната пејачка има 24 години и за првиот круг во шоуто избра песни од Тијана Богичевиќ и Анастасија Ражнатовиќ и ги освои сите шест гласови.

Маркетинг

„Бидејќи ги имаш сите гласови, не може никој да се повлече, ти сега можеш сама да го избираш својот ментор. Знам кого ќе го избереш, еве јас ќе забележам, ајде кажи“, и порака Саша Поповиќ, сигурен во својата проценка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Но Македонката ги изненади сите со својот неочекуван избор, а најмногу Поповиќ кој не криеше дека е запрепастен.

Маркетинг
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

„За свој ментор го избирам Ѓорѓе Давид“ изјави шармантната Валери и ги изненади и менторите и публиката.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Погрешно запишав и еве признавам – призна Поповиќ, а потоа се надоврза и Мили, кој откри на кого мислел Саша.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

„Еве го пречкртува, а напишал Мара“, изјави тој.

Од друга страна Вики Миљковиќ призна дека била убедена дека ќе ја избере Цеца, посебно што настапи со песна на нејзината ќерка.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Според Вики, Валери сепак го направила вистинскиот избор, а Џоле можеби е и најдобриот ментор за неа.

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска
Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Инаку Валери со својот талент никого не стави рамнодушен. Таа беше облечена во црно од глава од пети, а колку нејзиниот настап ги воодушеви сите можевме да го видиме и од бројните објави со поддршка што ги доби на социјалните мрежи, но и од громогласниот аплауз на публиката.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Валери во Македонија важи за пејачка пред која е блескава кариера. Таа има неколку песни кои за кратко време станаа ултра популарни и се вртат на македонските радија. Има соработувано со повеќе познати македонски музичари, а една од нив е и соработката со реперот Нешо и песната „Ќе биде“. Во спотот од оваа песна се појавува и македонскиот ракометен шампион Столе Стоилов кој во еден момент искрено ја раскажува неговата приказна.

Фото: Принтскрин/ Ѕвездите на Гранд

Пејачката има интересен и несекојдневен имиџ на облекување, а препознатлива е и по своите тетоважи. На нејзиното тело има неколку натписи, разни животни, месечина, и сите тие имаат некое посебно значење за неа.

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Таа учествуваше и во македонското шоу „На иста адреса“, а позната е и нејзината песна со колегите од братското дуо „Сирилик.

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Интересно за неа и тоа што нејзините почетоци се поврзани со духовната музика. Таа е голем верник и во младоста подолг период настапувала со црковниот хор, а како што самата изјави во една пригода, „All I need is you Lord“ и е омилената песна во која секогаш наоѓа мир и утеха.

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Валери во 2018 заедно со Антониа Гиговска и Дина Јашари беше придружен вокал на „Ај кју“ на Евровизија во Португалија.

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Фото: Инстаграм/ Валери Димовска

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button