Реклама
Наши ѕвезди

Панчо и Андреј од ДНК повторно ја покажаа својата голема хуманост – малиот Лео ова нема да им го заборави

Еве како и вие можете да добиете статуетка од Златна Бубамара и тоа не било која ...

Реклама

Големо БРАВО за ова хумано дело!

Екипата од познатиот македонски бенд ДНК објави дека започнуваат уште една хуманитарна акција, овој пат со цел да соберат пари за лекување на 18-годишниот Леонид Индов.

Владимир Блажев – Панчо и Андреја Ѓорѓиески – Андреј од ДНК се познати по своите хуманитарни дела.

Маркетинг

Тие секогаш одвојуваат по 10 отсто од настапите на ДНК и ги ставаат во хуманитарниот буџет, па кога ќе потсоберат пари ги донираат онаму каде што е најпотребно. Тие овој пат решија да се приклучат на хуманитарната акција за собирање средства за младиот Леонид Индов, 18-годишното момче кое по несреќата што му се случи стана квадриплегичен и сега се соочува со најтешката битка во својот живот.

Маркетинг
Инстаграм/ Панчо ДНК

Панчо и Андреј овој пат решија добиената награда од Златна Бубамара да ја стават на лицитација за хумани цели, а средствата што ќе бидат собрани ќе бидат уплатени на сметката на Леонид.

Почетната цена на статуетката е 6000 денари, а лицитацијата беше објавена на нивните официјални Инстаграм профили.

Тие потоа објавија и еден коментар во кој појаснуваат дека еден наш спортист кој сакаше да остане анонимен понудил 60.000 денари, така што за сега најголемата понуда изнесува 60.000 денари.

Инстаграм/ Панчо ДНК

„Како и минатата година, така и оваа добиена награда на Златна Бубамара, решивме да ја ставиме на лицитација за хумани цели. Овој пат средствата кои ќе бидат собрани, ќе бидат наменети за лекувањето на ЛЕОНИД ИНДОВ – ЛЕО кој заедно со неговата фамилија ја водат најтешката битка во животот. За жал државата по милионити пат нема слух за вакви ситуации, но затоа ДНК заедно со народот сме секогаш тука да помогнеме колку што можеме и дозволуваат нашите можности, пишува во описот на објавата.

Во понатамошниот опис се опишани и правилата за учеството во лицитацијата, но и што друго е добие оној што последен е ја даде најголемата сума. Лицитацијата ќе трае до понеделник до 22 часот, кога ќе биде соопштен новиот сопственик на наградата (види тука).

Инстаграм/ Панчо ДНК

Повеќе за лицитацијата погледнете директно на профилите на Панчо и Андреј на социјалната мрежа Инстаграм.

Инстаграм/ Панчо ДНК

Тие директно се вклучија во собирањето средства за лекување на младиот Лео на кого му е потребна голема сума на пари за да може да се излекува и повторно да се врати во школските клупи, а на ова момче можеме да му помогнеме и сите ние, и тоа следниве начини:

Па, ги молиме сите хумани луѓе кои се во можност да донираат колку можат за ова младо момче пред кого е тешка борба.

Тоа можат да го направат со јавување на некои од овие телефонски броеви или со вклучување во некоја од хуманитарните акции преку кои се собираат средства за лекување, но и со едноставно споделување на овој пост како истиот би стигнал до што повеќе луѓе.

Телефонски броеви за донација:

Т-МОБИЛЕ 143-118
А1 143-500

Се молат сите хумани граѓани кои се во можност за завртат на телефонските броеви, а повикот ќе ве чини 100 денари.

Па, да му помогнеме на Лео….

 

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button