Реклама
Вирално

Паниkа во Германија поради короната: Почнуваат милионски тестирања, пристигна драматично предупредување

Реклама

Германскиот центар за превенција на болести Институтот Роберт Кох предупреди на голем пораст на бројот на заболени од коронавирус и додаде дека ситуацијата е загрижувачка, и постојано се следи состојбата на теренот, јави Си Ен Ен.

До драстичен скок на бројот на заболени дојде откако е откриен голем број на заразени меѓу сезонските работници на една фарма во Баварија, во градот Маминг. Властите во неделата објавија дека 174 работници, што сочинуваат третина од вкупната работна сила на таа фарма, се заразени од коронавирус.

Маркетинг

Министерката за здравство на Баварија, Мелани Хумл рече дека фармата, на која се сместени работници од Романија, Бугарија, Унгарија и Украина се во карантин. Заболените работници се одвоени од останатите, а целата фарма ја нагледува полицијата и приватно обезбедување, за некој случајно да не го напушти објектот.

Почнува масовна контрола

Поради жариштетот во Маминг, властите тргнаа во контрола и тестирање на работниците на други фарми во Баварија.

Маркетинг

– Целта е со тестирање да го спречиме натамошното ширење, за да не ни се случи Миминг повторно. Исто така сакаме да го заштитиме здравјето на работниците, рече Хумл.

Таа наведе дека околу 3.300 луѓе ќе можат да се пријават на тестирање и тоа нема да им биде наплатено.

Од Институтот Роберт Кох соопштија дека во саботата во Германија се регистрирани 815 нови случаи, додека просекот на претходните денови беше околу 750.

– Пред тоа во просек бележевме по околу 500 нови случаи дневно, соопштија од Институтот.

Тие за ширењето на заразата ги обвинија граѓаните кои несовесно се собираат во поголеми групи, како и оние кои заминаа на годишни одмори во други држави.

– Мора под итно да се реагира за состојбата драстично да не се влоши. Единствен начин тоа да се направи е ако целата нација соработува во борбата со короната. Тоа подразбира граѓаните да држат прописно растојание и да одржуваат лична хигиена, соопштија од Институтот.

За изминатите седум дена Р-факторот во Германија изнесуваше 1,16, меѓутоа на ниво од четири дена тој број изнесува 1,22.

„Вториот бран веќе пристигна“

Не е загрижувачка само ситуацијата во Баварија. Блискиот соработник на Ангела Меркел вели дека вториот бран веќе ја „поплавил“ Германија, за да не се соочува државата секојдневно со нови жаришта.

Михаел Кретшемер, премиерот на Саксонија, уште во текот на викендот ги предупреди граѓаните дека бројот на заболени драстично расте.

– Вториот бран веќе на големо е тука, тоа го гледаме секој ден. Се појавуваат нови кластери, нови жаришта и има се повеќе заразени, рече Кретшемер.

Поради сето тоа што се случува во земјата се воведени нови мерки. Министерката за здравство во Берлин Дилек Калајци рече дека би требало да бидат тестирани сите кои се враќаат од „високоризични земји“, но дека таа опција треба да им се понуди на патниците од други држави.

Таа истакна дека тестовите, барем во прво време, не би требало да бидат задолжителни и дека државата би требало да ги покрие трошоците. Сепак за ова треба да се усогласат сите 16 покраини.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button