Реклама
Хороскоп

Откријте какви се бебињата родени во хороскопскиот знак Јарец

Реклама

Бебињата Јарци се паметни и самоуверени, но и тврдоглави и емоционални.

Да, токму такви се Јарците, а најверојатно такво ќе биде и вашето бебе доколку е роден во овој знак.

Маркетинг

Снаодливи 

Бебињата Јарци се успешни и секогаш успеваат во своите нови предизвици. Тие ќе бидат такви и кога ќе пораснат. И секогаш кога ќе забележите дека се незадоволни, едноставно дајте им нова задача и тоа повторно ќе ги врати во ритам.

Иако понекогаш изгледаат како многу сериозни бебиња, тие сепак сакаат внимание – едноставно тие само имаат страна која не сакаат секогаш да ја покажат.

Маркетинг

Тврдоглави

Овие хороскопски знаци се поприлично тврдоглави, но токму благодарение на оваа своја карактеристика тие го реализираат она што ќе го наумат, без премногу бучава и солзи. Добата вест е што Јарците сами по себе се независни, па вашето дете за брзо време ќе почне некои работи да ги решава сам. Тие исто така лесно се прилагодуваат на било кое опкружување.

Сакаат доследност

Бебињата Јарци уживаат во предвидливото родителство. Тоа не значи дека не можете да уживате во спонтани, нови работи, но можат да бидат фрустрирани кога ќе им се случи нешто неочекувано. Па ако знаеш дека наскоро ќе дојде до некоја голема промена или ќе се најдете во ново опкружување, обиди се да размислуваш како што размислува еден типичен Јарец и подготви го твоето дете за промената.

Какви се Јарците кога ќе пораснат

Јарците на прв поглед се срамежливи, но такви се само додека не ве запознаат. Тие исто така сакаат внимание, посебно кога се на почетокот, како и во текот на врската.

Очекуваат голема доза на внимание. Јарците обожаваат да покажуваат колку се паметни, бидејќи сметаат дека интелектот е привлечен. Нивната добрина и желба за да се помогне на другите не познава граници.

Дама пред која мажите паѓаат на колена

Жените родени во овој знак иако имаат проблеми да ги покажат своите вистински емоции, спаѓаат во оние емотивни личности и често паѓаат во длабоки и темни нерасположенија поради нивните чувства. Жената Јарец мрази неискреност од дното на душата, а ако почувствува дека е излажана, не губи време, туку веднаш ги прекинува нештата.

Тие имаат физичко држење како гламурозни припаднички на елитните слоеви, а гардеробата во овој случај има споредна улога. Жените Јарци пленат со природната убавина, се облекуваат класично и едноставно, а што се однесува до боите, никогаш нема да ги видите во нешто шарено затоа што тоа е премногу кич за нивен вкус.

Сите најнови вести поврзани со ѕвездите можете да ги следите на Гламур, убедливо најчитаниот портал за познатите во Македонија (види тука), како и на нашите страници на социјалните мрежи со вупно преку 1.000.000 фанови. Сите актуелни теми и случувања, најновите трачеви и најинтересните вести на едно место. Придружете се и на нашата официјална Фејсбук заедница ТУКА и бидете во тек со настаните, додека најинтересните текстови и интервјуа со познатите можете да ги следите и на Инстаграм ТУКА .

Поврзано

Back to top button