Реклама
Наши ѕвезди

Откако раскина со Цеца, Срејовиќ се фотографираше со оваа дама – ПОГЛЕДНЕТЕ со кого Богдан ги „лeчи“ своите рани!

Реклама

Беше во друштво на оваа млада дама

Фото: Инстаграм

Веста дека Светлана Цеца Ражнатовиќ и Богдан Срејовиќ раскинале како бомба одекна во медиумите.

Популарниот пар по нешто повеќе од година дена врска реши да стави крај на својата романтична љубов.

Маркетинг

Како што пренесуваат српските медиуми, Цеца се огласила по овој повод и ги потврди гласините.

„Повеќе не сме во врска, но ќе бидеме пријатели до крајот на животот“, изјавила пејачката, пишуваат српските медиуми.

Фото: Инстаграм

Богдан во врска со крајот на љубовната приказна со познатата пејачка се уште се нема огласено.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Но затоа на социјалните меѓи тој овие денови е поприлично активен, објавувајќи во рамките на своите Инстаграм приказни.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Од нив можеме да видиме дека Богдан времето го минува со својата наследничка Искра со која се снимаше.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

„Добар ден, млада дамо, може еден бакнеж?“ ја праша Богдан Искра, а таа цело време се смееше и испраќаше бакнежи.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Само да потсетиме, Богдан и Цеца беа година дена во врска, а пејачката многу ја засака неговата ќерка.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Таа не ретко го минуваше времето со неа и на својот профил често споделуваше заеднички фотографии.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Што се однесува до крајот на нивната љубов, првиот знак дека нешто не е во ред беше нејзиното патување на Малдивите, каде таа замина со пријателите, додека Богдан беше на Златибор.

Тогаш почнаа и да се шират првите гласини дека нешто не е во ред во нивниот однос.

Фото: Инстаграм/ Папарацо Лов

Имено, Цеца на егзотичната дестинација наместо да биде со своето момче замина со пријатели. Таа од таму редовно објавуваше снимки и фотографии на социјалните мрежи, а многумина беа изненадени што Богдан не е со неа додека таа ужива на ова место.

Фото: Инстаграм/ Богдан Срејовиќ

Подоцна Богдан беше фотографиран на концертот на колешката на цеца, Лена Ковачевиќ, со неговата пријателка Јелена Војановиќ, а нивното присуство предизвика големо внимание во јавноста.

Фото: Инстаграм/ Папарацо Лов

Пријатели за цел живот?

Како и да е, раскинувањето не беше бурно, ниту пак е во прашање трето лице, туку и двајцата сфатиле дека емоциите избледиле, и дека е најдобро да останат пријатели.

Интересно е и тоа што тие се уште се следат на социјалните мрежи, за разлика од некои други познати парови за кои најчесто ќе се дознае дека се разделиле токму кога ќе престанат да се следат на популарните платформи.

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Богдан и Цеца се уште се пријатели на Инстаграм, а тој се уште ги следи и членовите на нејзиното семејство.

Бонус галерија

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Цеца сама, на пуст остров, на вечереа во костим за капење

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Фото: Инстаграм/ Цеца Ражнатовиќ

Поврзано

Back to top button